Search

Приклучи се на „Виртуелно кафе“ во рамките на ACE2EU Алијансата на тема за социјални медиуми и авторски права

Споделете

Датум: 18 февруари 2026 г., 14:00 часот (CET).

Говорници:

  • Кристијан Флореску, раководител на Секторот за меѓународни односи – Романска канцеларија за авторски права (ORDA);
  • Игор Стојанов, уредник во Радио, ТВ и ВЕБ одделот при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Локација: Онлајн (Zoom).
Настан: Virtual Coffee #23.

Серијата настани „Виртуелно кафе“ – „Virtual Coffee има за цел да поттикне отворена и неформална дискусија меѓу академската заедница, медиумските професионалци и креаторите на содржини за актуелните предизвици во дигиталната и социјалната медиумска средина.

Во рамки на Virtual Coffee #23 фокусот ќе биде ставен на авторските права, медиумската одговорност и аудиовизуелната регулација, како и на улогата на новите технологии и вештачката интелигенција во современото онлајн комуницирање.

Теми на сесијата

  • Меѓународни регулативи за авторски права и правни одговорности во дигиталниот простор;
  • Обврски и одговорности на медиумите и креаторите на содржини;
  • Улогата на технологијата и АИ во процесот на креирање медиумска содржина;
  • Значењето на автентичното раскажување приказни како клучен фактор за градење доверба кај публиката.

 

Во рамките на настанот, Игор Стојанов од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ќе се осврне на тема Creating content online: AI doesn’t build trust, but stories do, потенцирајќи дека технологијата е алатка, но дека довербата се гради преку кредибилна и одговорна новинарска приказна.

Кој може да учествува?

Настанот е отворен за студенти, наставнички кадар, медиумски работници и сите заинтересирани за комуникации, медиуми и дигитални политики.

Забелешка: За овој настан не е предвидено издавање сертификат за учество.

Приклучи се на настанот тука:
https://us06web.zoom.us/j/88226570027