Search

Алијансата ACE²-EU се состана во Гдањск за унапредување на процесот за формирање правно лице

Споделете

Алијансата ACE²-EU денес го одржува првиот ден од интензивната работилница посветена на развојот на идејата за воспоставување правно лице на Алијансата, која се одржува на Medical University of Gdańsk.

Настанот ги обединува претставниците на партнерските универзитети задолжени за дизајн на управувањето, правна подготовка, организациско планирање и стратешка координација.

Од УГД со своја правна експертиза се вклучени голем број правни експерти, а во Гданск моментално учествуваат проф. д-р Ана Никодиновска-Крстевска и проф. д-р Олга Кошевалиска од Правниот факултет при УГД.

Со поддршка на надворешни експерти по меѓународно право, учесниците дискутираат за правната рамка потребна за формирање AISBL според белгиското законодавство, ги разгледуваат моделите на управување и ги идентификуваат статутарните елементи што ќе ја обликуваат идната структура на Алијансата. Овој експертски придонес помага во појаснување на процедурите и можните предизвици, како и во носење одлуки засновани на релевантни анализи, со цел обезбедување долгорочна организациска стабилност.

Во текот на првиот ден партнерите учествуваат во заеднички сесии насочени кон дефинирање на мисијата, одговорностите и опсегот на активности на идното правно лице ACE²-EU. Во дискусиите се земаат предвид и искуствата на други алијанси, што овозможува вредна компаративна перспектива.

Работилницата во Гдањск претставува значаен чекор во процесот на формализирање на структурата на Алијансата. Тековните активности придонесуваат за зајакнување на заедничкото разбирање, усогласување на стратешките приоритети и поставување цврста основа за натамошен напредок во процесот на правно оформување, кој ќе продолжи и во наредните месеци.

Проектот е финансиран од Polish National Agency for Academic Exchange (NAWA) во рамки на програмата „Support for European Universities“.