Search

Отворен Повик за учество на ACE²-EU ARC Industry Engagement Event 2026 во Гдањск, Полска

Споделете

Инкубаторот ARIES и Медицинскиот универзитет во Гдањск (Полска) го најавуваат одржувањето на првиот ACE²-EU ARC Industry Engagement Event 2026, кој ќе се одржи од 24 до 25 ноември 2026 година во Гдањск.

Овој дводневен форум е дизајниран за зајакнување на соработката меѓу академијата, индустријата, иновациските екосистеми и регионалните чинители во рамките на сојузот ACE²-EU, насочен кон трансфер на технологии, комерцијализација и развој на претприемништвото.

Кој може да се пријави?

Повикот е отворен за сите заинтересирани страни од универзитетите партнери и бизнис-секторот:

  • Истражувачи, академици и студенти со интерес за иновации и претприемништво;
  • Претставници на универзитетите од алијансата ACE²-EU;
  • Канцеларии за трансфер на технологија и знаење (TTOs и KTOs);
  • Претставници на индустријата, мали и средни претпријатија (СМП) и големи компании;
  • Стартапи, претприемачи, инкубатори и акцелератори;
  • Регионални и јавни институции кои поддржуваат иновации и економски развој.

 

Програмата е конципирана околу четири клучни столбови кои овозможуваат:

  • Размена на добри практики и знаења за иновациските екосистеми;
  • Интерактивни дискусии за соработка меѓу академијата и бизнис-секторот;
  • Презентација на успешни стартап-приказни од инкубаторот ARIES;
  • Наменски matchmaking сесии, изложби и можности за градење нови партнерства.

Клучни информации и аплицирање

  • Датум на одржување: 24–25 ноември 2026 година.
  • Локација: Медицински универзитет во Гдањск, Полска.
  • Отворање на официјалната регистрација: 1 септември 2026 година.
  • Краен рок за пријавување: 15 октомври 2026 година.
  • Сертификација: Сите учесници ќе добијат сертификат за учество.

 

Официјалното пријавување започнува на 1 септември 2026 година. Сите заинтересирани кандидати можат да го искажат својот интерес преку следниот ОНЛАЈН ФОРМУЛАР или да се обратат до институционалниот координатор.

За дополнителни детали, остварете контакт со канцеларијата на MUG ACE²-EU на е-пошта: ace2-eu@gumed.edu.pl

Информации и детали на следниов линк: https://www.ace2eu.eu/event/save-the-dates-ace%C2%B2-eu-arc-industry-engagement-event-2026/