Search

МЕЃУНАРОДНА ИСТРАЖУВАЧКА АКТИВНОСТ ЗА СТУДЕНТИ

Споделете

На 25 септември, на Кампус 2 при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, ќе се реализира меѓународна истражувачка активност во која можат да учествуваат студенти од целиот Универзитет.

Активноста ќе трае околу 2 часа, а учесниците ќе треба да пополнат анкета и/или да учествуваат во игра како дел од истражувањето. За време на активноста секој студент ќе има поддршка од ментор или асистент и не се потребни претходно знаење, подготовка или искуство.

💶 За учеството е предвиден надоместок од 11 до 17 евра, кој ќе биде исплатен на денот на одржувањето.

🕘 Достапни термини:

  • 09:00 – 11:00
  • 11:00 – 13:00
  • 14:00 – 16:00
  • 16:00 – 18:00

 

При пријавувањето можете да го наведете терминот кој најмногу ви одговара. Доколку немате преференца или избраниот термин е веќе пополнет ќе бидете распределени во некој од останатите слободни термини и навремено известени.

🌍 Ова е убава можност да стекнете ново меѓународно истражувачко искуство, да запознаете нови луѓе и дополнително да го збогатите вашето студентско CV.

📩 За пријавување е потребно да испратите:

  • име и презиме
  • e-mail адреса
  • година на студирање
  • студиска програма/насока
  • телефонски број
  • термин кој ви одговара, доколку имате преференца.

 

Пријавите испратете ги на: vesna.hristovska@ugd.edu.mk

📅 Рок за пријавување: петок, 18 септември.

Ве очекуваме да ни се придружите и заедно да стекнеме нови искуства!