Search
|     contact@ugd.edu.mk

Исидора Јанева – Факултет за информатика

Имајте храброст да продолжите да чекорите по Вашиот избран пат – никој друг нема да оди по него – само Вие.
Споделете

Име и презиме: Исидора Јанева
Факултет и студиска насока: Дипломиран студент на Факултетот за информатика
Место на вработување:KPMG Deutschland

Студиите на УГД ми овозможија да се стекнам со релевантни знаења кои ми беа потребни за поставување насока во која сакам да се движи мојата кариера. Мојата уникатна насока на Факултетот за информатика  и задоволи барањата на мојата избрана професионална патека со својот интердисциплинарен пристап – нешто што на Балканот е ретко и треба дополнително да се развива поради енормниот потенцијал на  ваквиот фокусиран начин на студирање.

Големината на  групите и отворениот комуникациски стил на УГД креираат работна атмосфера во која студентите може на креативен начин да стекнуваат нови вештини.
Нешто што е навистина посебно на УГД е можноста да се соработува со колегите и професорите на возбудливи задачи и проекти, кои некогаш се и од интернационален карактер благодарение на одличната  поврзаност на Универзитетот со разни здруженија и иницијативи на локално, национално и интернационално ниво.

Соработката со Erasmus+, Microsoft како и можноста за апсолвирање пракса се само дел од можностите кои ги нуди УГД на своите студенти. Едно од најзначајните искуства за мене произлезе од учеството на Zoran Djindjic Internship Programme of German Business for the Countries of the Western Balkan  преку која имав шанса да бидам практикант.