Search
|     contact@ugd.edu.mk

Проф. д-р Стојановски: Проектот „Newaves“ е одлична можност за зголемување на самоодржливоста на локалните радиостаници

Споделете

По завршувањето на работната средба во Штип, партнерите од проектот „Newawes“ продолжуваат со активностите предвидени за создавање предуслови за поголема самоодржливост на локалните радиостаници. На оваа средба, всушност, освен што беше направен пресек на досегашните активности, се поставија и основите за она што следува, смета проф. д-р Страшко Стојановски од Правниот факултет при УГД:

Во рамките на проектот „Newaves“, кој го работиме заедно со нашите колеги од универзитетите во Португалија, Словачка и Хрватска, спроведовме серија активности. Ние како експерти од Правниот факултет со колешката Јорданка Галева бевме вклучени во рамките на истражувањата кои се спроведуваа во рамките на работниот пакет 2. Тоа беа активности кои се спроведуваа кон крајот на минатата година, а потоа како резултат на овие истражувања реализиравме дводневна работилница која се одржа во тренинг центарот на УГД на Правниот факултет, при што имавме можност да ги сумираме резултатите, да ги обработиме оние податоци кои веќе ни се достапни и да продискутираме за следните активности кои се дел од работниот пакет 3 вели професорот Стојановски.

Според него, овој проект е одлична можност за воспоставување на соработка и вмрежување на различни универзитети, кои се поддржани од Канцеларијата на ЕУ.

Оваа соработка се разбира ќе продолжи и понатаму и по реализацијата на оние предвидени активности кои ги имаме во следниот период, кои се поврзани со функционирањето на локалните радиостаници и улогата на вештачката интелигенција во креирањето на нивно вмрежување и создавање на платформа која би требало да креира предуслови за поголема компетитивност на пазарот, односно да се направи фокус на самоодржливоста на локалните радиостаници во различните држави.

Во сите земји без разлика дали се членки на УЕ или како ние во Македонија што сме кандидати за членство, локалните радиостаници се соочуваат речиси со исти проблеми – дигитализацијата е на многу ниско ниво, и самоодржливоста е многу голем проблем. Она што го имаме како активности би значело зголемување на компетитивните можности и способности на локалните радиостаници и на нивните вработени и понатаму сето тоа би можело да се артикулира кон зголемена професионалност и одржување во рамките на пазарната економија.

Во делот на следниот работен пакет 3, за време на состанокот во Штип беа утврдени основните начела за креирање на одредени курикулуми кои ќе значат и обука и фокус на вработените во локалните радиостаници во насока на подигање на оваа компетитивност.

Таа обука би се фокусирала на неколку пошироки теми, коишто ќе вклучуваат зголемување на дигиталните вештини, односно работа со новите технологии, понатаму тука се аспекти на етика и на правната регулатива, која е исклучително важна за градење на одржливост и професионален однос во рамките на радиостаниците. Исто така, имаме претприемништво и комуникации, маркетинг, нешто што би требало локалните радиостаници да го работат во однос на  нивните потенцијални слушатели, но и поголем досег во делот на маркетинг кој би значел комуникација со бизнис секторот, реалниот сектор, поголем импакт на рекламите на локално ниво, и на тој начин зголемување на таа самоодржливостистакна проф. д-р Страшко Стојановски, член на работниот тим на УГД и Правниот факултет кој учествува во активностите од проектот „Newaves“.