Search
|     contact@ugd.edu.mk

УГД организира Симпозиум на турската култура

Споделете

Ве покануваме на свеченото отворање на 27. Симпозиум на турската култура, што ќе се одржи во рамките на 32. Меѓународен фестивал „Пролетни веселби“.

Датум: 7 мај 2025 година.
Време: 9.30 часот.
Локација: Голем амфитеатар, Филолошки факултет, Кампус 4 – УГД, Штип.

На свеченото отворање ќе присуствуваат:

  • ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип;
  • претставник од Амбасадата на Република Турција во РС Македонија.

Симпозиумот се организира во коорганизација со Филолошкиот факултет при УГД – Штип и Здружението „ХИД-БАХ-ШЕН-ФЕСТ“ од Чалакли, Валандово, со поддршка од Институтот за истражување на народната култура во Анкара.

Ова е прв симпозиум посветен на турската заедница во Македонија, а фестивалот „Пролетни веселби“ – Чалакли е првиот официјален фестивал на турската заедница во државата, чие славење на празникот Хидрелез во 2017 година беше впишано во репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото.

Целта на Симпозиумот е да се зајакнат културните врски меѓу турскиот и македонскиот народ, како и со останатите етнички заедници во Република Северна Македонија.

Покана.pdf

Програма.pdf