Со промоција на девет нови доктори на науки од Штип, денес во просториите на НУУБ „Гоце Делчев“ – Штип се одржа 25. јубилејно издание на традиционалната манифестација „Митровденски средби на доктори на науки“.
Овој четвртвековен јубилеј ја потврди континуираната посветеност на библиотеката и академската заедница кон афирмацијата на науката, знаењето и научноистражувачкиот труд.
На свеченоста беше оддадено признание за академските достигнувања на новите доктори на науки од кои најголем дел се на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

На манифестацијата беа промовирани следниве нови доктори на науки:
- д-р Љубица Прошева Пеливанова – доктор по стоматолошки науки (промотор: проф. д-р Киро Папакоча);
- д-р Дијана Мицева – доктор по фармацевтски науки (промотор: проф. д-р Елена Дракалска Серсемова);
- д-р Паулина Апостолова – доктор по фармацевтски науки (промотор: проф. д-р Емилија Јаневиќ-Ивановска);
- д-р Љупка Арсовски – доктор по стоматолошки науки (промотор: доц. д-р Верица Тонева Стојменова);
- д-р Ана Панева – доктор на правни науки од областа на граѓанското право (промотор: проф. д-р Марија Амповска);
- д-р Дино Карпичаров – доктор по фармацевтски науки (промотор: проф. д-р Биљана Ѓорѓеска);
- д-р Ана Марија Тасева Василева – доктор на медицински науки (промотор: проф. д-р Билјана Ефтимова);
- д-р Гоце Коцевски – доктор на правни науки од областа на уставното право (промотор: проф. д-р Рената Дескоска);
- д-р Васко Демјански – доктор на медицински науки – клиничка медицина (промотор: проф. д-р Марија Шољакова).
Традиционалните „Митровденски средби“ претставуваат значаен академски и културен настан за градот Штип, кој веќе 25 години ги обединува и промовира штипските научни кадри, поттикнувајќи го развојот на научната мисла и истражувачката дејност.


