Search

УГД дел од европскиот дијалог за јаглеродно земјоделство – завршен настан на проектот CARBONICA во Европскиот парламент во Брисел

Споделете

На 2 декември 2026 година, во Европскиот парламент во Брисел, ќе се одржи завршниот настан на проектот CARBONICA – Carbon Initiative for Climate-Resilient Agriculture, финансиран во рамките на програмата Horizon Europe, во кој Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип учествува како проектен партнер.

Настанот, насловен „Policy Masterclass & Final Policy Event“, го одбележува успешното финализирање на проектот и има за цел да ги интегрира научните достигнувања, иновативните технологии и практичните искуства од Грција, Кипар и од Северна Македонија во креирањето идни европски политики за климатски отпорно земјоделство.

Проф. д-р Биљана Балабанова од Земјоделскиот факултет, како претставник на УГД, ќе учествува во првата панел-дискусија „From Implementation to Regional and National Policy“, заедно со проф. д-р Диофантос Г. Хаџимицис од Кипар и проф. д-р Георгиос Залидис од Грција.

Во своето излагање, проф. д-р Балабанова ќе стави акцент на научните достигнувања од проектот, валидацијата и хармонизацијата на аналитичките методи за мониторинг на органскиот јаглерод во почвите.

Учеството на овој настан претставува значајна афирмација на научноистражувачките капацитети на УГД и неговиот придонес кон европските иницијативи за одржливо и климатски отпорно земјоделство.

Информации за настанот:

  • Датум: 2 декември 2026 година
  • Време: 18:00–20:00 часот (CET)
  • Локација: Европски парламент, Брисел, сала A5E-3
  • Панел 1: 18:50–19:25 часот
  • Панел 2: 19:25–20:00 часот
  • Краен рок за регистрација на надворешни посетители: 27 ноември 2026 година.

 

Регистрацијата и потврдувањето на присуството се достапни преку QR-кодовите на приложените официјални банери.

Повеќе информации за настанот и постигнувањата на проектот се достапни на официјалната веб-страница: https://carbonica-hub.eu/

Поврзани содржини