Search
|     contact@ugd.edu.mk

Семинари по флејта и пијано во рамки на Фестивалот за современа музика 2025

Споделете

Серија семинари и предавања на Музичка aкадемија на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип на еминентни странски и домашни предавачи и професори. Семинарите се дел од третото издание на Фестивалот за современа музика 2025.

На 26 мај (понеделник) во 10 часот на Музичката академија ќе се одржи семинар по флејта под менторство на  истакнатата српската флејтистка, проф. м-р Ксенија Мијатовиќ-Кором од Нови Сад, професор по флејта во специјализираното музичко училиште „Исидор Бајиќ“.

На 28 мај (среда) во 10 часот започнува семинарот по пијано под менторство на еминентната концертна пијанистка, проф. д-р Милица Јелача-Јовановиќ,  професор на Вестерн Вашингтон Универзитетот во Белигтон, САД, каде моментално е редовен професор по пијано и шеф клавирската катедра.

На 29 мај (четврток) во 10 часот, нашиот познат пијанист, проф. д-р Ангеле Михајловски, редовен професор на Музичката академија во Штип, ќе одржи семинар по пијано.