Search

Работна посета на професори од Правен факултет на Политехничкиот универзитет во Сантарем – Португалија

Споделете

Во периодот од 28 до 30 септември 2026 година, проф. д-р Борка Тушевска-Гавриловиќ, проф. д-р Билјана Тодорова и проф. д-р Јорданка Галева од Правниот факултет, заедно со професори од Економскиот факултет, Факултетот за општествени науки и Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип (УГД) учествуваа на академски активности (Face-to-Face Meeting и Работилница на тимот за создавање знаење „Social Impactors“ /Social Impactors Knowledge Creation Team Workshop) во рамките на ACE²-EU WP2 на Политехничкиот универзитет во Сантарем (Universidade Politécnica de Santarém) во Португалија.

На Face-to-Face Meeting состанокот се дискутираше за развој на заеднички студиски програми, кратки образовни формати, обезбедување квалитет и механизмите за поддршка, како и следните чекори за нивна реализација во рамки на Алијансата. Посебно значајно беше претставувањето и разгледувањето на новите предлози на УГД за заеднички студиски програми и можностите за нивно понатамошно развивање со партнерските универзитети. Оваа иницијатива претставува уште еден значаен чекор кон посилна академска соработка и создавање нови можности за студентите и наставниот кадар во рамки на ACE²-EU.

На Работилницата на тимот за создавање знаење (Social Impactors Knowledge Creation Team Workshop) професорите активно учествуваа на два настани: „Respect & Dignity“, посветен на почитта и достоинството, и „Social Well-Being“, посветен на социјалната благосостојба. На Работилницата беа идентификувани специфичните предизвици со кои професорите и студентите се соочуваат секојдневно, се креираа тематски кластери и беа предложени можни активности и решенија на кои ќе се работи во иднина.