На 27 мај 2025 година на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ќе се одржи Меѓународна конференција „Quo Vadis EU Security. A Constitutional Perspective on Migration, Transnational Crime, and Fundamental Rights and Values“, во организација на Универзитетот во Салерно, Италија, во соработка и партнерство со Универзитетот „Гоце Делчев“ и со Универзитетот „ЕПОКА“ во Тирана, Албанија.
Настанот се одржува во рамките на проектот „Жан Моне“, катедра EUVALWEB – Поттикнување на јавната свест за политиката на проширување, вредностите на ЕУ и пристапувањето на Западен Балкан (Jean Monnet Chair ‘Promoting Public Awareness on Enlargement Policy, EU Values and Western Balkans’ Accession’), предводен од Универзитетот во Салерно (Италија), под раководство на проф. д-р Тереза Русо, во кој Универзитетот „Гоце Делчев“ преку проф. д-р Ана Никодиновска-Крстевска учествува како дел од Team Chair на оваа Катедра.
На Конференцијата ќе учествуваат истакнати професори, судии, јавни обвинители, истражувачи и експерти од Македонија, Италија, Албанија и од Србија, кои ќе дискутираат за:
- уставните аспекти на миграцијата и надворешните политики на ЕУ,
- борбата против транснационалниот организиран криминал,
- заштитата на фундаменталните права и вредности во контекст на европската интеграција.
Клучен спикер на Конференцијата ќе биде д-р Мирјана Лазарова-Трајковска, судијка во Врховниот суд на Република Северна Македонија и поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права.
Програмата на Конференцијата вклучува три тематски панели и завршна дебата со учество на млади истражувачи, со цел поттикнување на правната наука и дебата за иднината на проширувањето на Европската Унија.
🔗 Настанот е отворен за јавноста и сите заинтересирани можат да го следат лично или онлајн преку Microsoft Teams.
EUVALWEB Final Conference and Call for Papers for Young Researchers (.pdf)
За следење на Конференцијата, потребна е претходна регистрација на:
📩 Контакт: info@euweb.org