Search

Проф. д-р Коцески нов проректор – реизбрани проф. д-р Никодиновска-Крстевска и проф. д-р Лазаров

Споделете

На 263. седница на Ректорската управа, одржана на 17 ноември 2025 година, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип донесе одлуки за избор и реизбор на проректори во раководниот тим на Универзитетот.

Проф. д-р Ана Никодиновска-Крстевска е реизбрана на функцијата проректор за меѓународна соработка. Таа продолжува со својот мандат како вонреден професор на Правен факултет и ќе го извршува овој ангажман до 14 септември 2028 година.

Проф. д-р Дарко Лазаров, редовен професор на Економски факултет, исто така, е реизбран на функцијата проректор за развој, инвестиции и одржување. Неговиот нов мандат трае до 14 септември 2028 година.

На седницата беше избран и нов проректор – проф. д-р Сашо Коцески, редовен професор на Факултетот за информатика, кој ќе ја извршува функцијата проректор за настава и студенти. Неговиот мандат е утврден до 14 септември 2028 година.

Одлуките стапуваат на сила со денот на донесувањето.