Search

Музичката академија на „China-CEEC Forum of Music Academy Deans and Rectors 2025“ и „China-CEEC Music & Dance Festival 2025“ во Хангџо, Кина

Споделете

Музичката академија при УГД – Штип со свои претставници, проф. м-р Златка Митева, декан, и проф. д-р Валентина Велковска-Трајановска, продекан, учествуваа на „China-CEEC Forum of Music Academy Deans and Rectors 2025“ во Кина, како полноправен член на Унијата на музички академии.

Освен обраќањето од сите присутни ректори, декани и продекани со презентација на капацитетите и програмите што ги нудат музичките факултети и академии на Форумот се дискутираа предлози за идна соработка меѓу членките и можности за зајакнување на размената на студенти и наставнички кадар, со цел поквалитетно и сеопфатно образование на студентите. Присутните ја истакнаа благодарноста кон организаторот, Zhejiang Conservatory of Music, што исклучително успешно во изминатите шест години го организира Форумот и Фестивалот на музика и танц во Хангџоу, Кина. Иницијативата за овој извонреден настан произлегува од Четвртиот форум на министри за култура за соработка од областа на културата помеѓу Кина, централните и источните европски земји.

Во склоп на Форумот се одржа и панел-дискусија на тема „Музичкото образование и дигиталната ера“ на која збор зема проф. м-р Златка Митева со свое излагање и видување околу трансформацијата на музичкото образование во дигиталниот свет.

Фестивалот претставува неповторлив настан во рамките на дејноста на сите членки, заради видот на соработката, можностите што ги разоткрива, но и поради отворањето на земјите членки во полето на културата.

Освен обраќањето на Форумот, професорите од Музичката академија при УГД – Штип одржаа свои предавања на одделите од нивните области, проф. м-р Златка Митева на одделот за флејта и проф. д-р Валентина Велковска-Трајановска на Одделот за композиција, на Zhejiang Conservatory of Music во Кина.

Како резултат на повеќегодишната извонредна соработка помеѓу Музичката академија при УГД – Штип и Zhejiang Conservatory of Music, проф. м-р Златка Митева и проф. д-р Валентина Велковска Трајановска, остварија билатерална средба со проф. Донг Деџун, потпретседател на Џеџианг Конзерваториум за музика, Кина и проф. д-р Ванг Руи, претседател на Џеџианг Конзерваториум за музика, Кина, на која договорија продолѓување на соработката помегу двете академии во иднина.