Националниот совет за високо образование и научноистражувачка дејност има нов состав. По истекот на мандатот на претходниот состав, избран е нов кој во следните 4 години ќе работи на унапредување на квалитетот на високото образование, интензивирање на научноистражувачка дејност и поттикнување на меѓународната соработка како алатка за идентификување и прифаќање на добрите практики со цел приближување на македонскиот до европскиот систем за високо образование.

Новите 15 члена на Националниот совет се: проф. д-р Димитар Трајанов, проф. д-р Соња Лепиткова, проф. д-р Билјана Трајковска, проф. д-р Гордана Лажетиќ, проф. д-р Дренуша Палоши, проф. д-р Кристина Скепаровска, Стефан Момир, проф. д-р Валентин Мирчевски, проф. д-р Наталија Атанасова-Панчевска, Никица Мојсоска-Блажевски, проф. д-р Ана Тромбева, доц. д-р Марко Спасов, доц. д-р Мурат Алиу, проф. д-р Бертон Сулејмани, проф. д-р Агим Хазири.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска, која, согласно со закон, ја организира конститутивната седница, ги поздрави новите членови, им посака успешна работа и им се заблагодари на досегашните членови. Таа нагласи дека во наредниот период пред Националниот совет за високо образование и научноистражувачка дејност претстојат повеќе значајни активности, меѓу кои и усвојување на новата формула за финансирање на високото образование, како и новите закони за високо образование и за научноистражувачка дејност.


