Search

Отворен вториот Повик на програмата BREATH за докторски студии

Споделете

Програмата BREATH го објави вториот Повик за аплицирање за докторски кандидати, нудејќи вкупно 10 целосно финансирани PhD позиции во рамки на интердисциплинарна докторска програма која ги поврзува општествените и хуманистичките науки (SSH) со здравството.

Во рамки на Повикот се достапни 11 интердисциплинарни истражувачки проекти, кои се фокусираат на пресекот меѓу здравствените науки и општествено-хуманистичките дисциплини. Докторандите ќе бидат менторирани од тројца коментори: експерт од SSH, експерт од областа на здравството, како и неакадемски и/или меѓународен експерт.

Што нуди програмата BREATH?

BREATH нуди уникатно истражувачко искуство, целосно финансирано во период од 36 месеци, со атрактивни услови кои вклучуваат:

  • месечен надомест (плата),
  • додаток за мобилност,
  • семеен додаток,
  • целосно здравствено осигурување.

 

Покрај тоа, програмата обезбедува:

  • исклучителни услови за работа и менторство,
  • висококвалитетна истражувачка обука на англиски јазик,
  • задолжителна тримесечна мобилност (secondment),
  • обука за преносливи вештини и поддршка за личен и професионален развој.

 

Кој може да аплицира?

Право на аплицирање имаат:

  • истражувачи со завршени мастер студии од областа на општествените и хуманистичките науки или здравството,
  • кандидати кои немале престој подолг од една година во Франција во последните три години пред објавувањето на Повикот.

 

Краен рок за онлајн аплицирање: 12 март 2026 година.

Повеќе информации и пријава за вебинарот се достапни на официјалниот линк:
https://lnkd.in/ehVpCd_r