Search

Отворен Повикот за учество на ACE²-EU Студентски колоквиум 2026 во Гдањск, Полска

Споделете

Медицинскиот универзитет во Гдањск (Полска) и инкубаторот ARIES ги покануваат студентите и истражувачите да земат учество на првиот ACE²-EU Student-led Colloquium 2026, кој ќе се одржи од 24 до 26 ноември 2026 година во Гдањск, Полска.

Овој тридневен настан е дизајниран како платформа за размена на знаења, истражувања и иновации во рамките на сојузот ACE²-EU, овозможувајќи промоција на академската мобилност, претприемништвото и меѓународното вмрежување.

Кој може да се пријави?

Повикот е отворен за сите заинтересирани кандидати од универзитетите партнери во Алијансата ACE²-EU, односно:

  • Студенти од сите циклуси и докторанди (PhD кандидати);
  • Истражувачи и академски кадар (ран кариерен развој);
  • Претставници на докторски студиски програми;
  • Сите поединци кои имаат интерес за меѓународна мобилност, иновации и развој на академската кариера.

 

(Забелешка: Секој универзитет партнер треба да номинира најмалку тројца студенти кои земаат активно учество во постер-сесијата од различни тематски области).

Програма и содржини

Учесниците ќе имаат можност да бидат дел од динамична програма која вклучува:

  • Презентации на универзитетите и студентски пичинг-сесии;
  • Панел-дискусии и работилници за градење вештини;
  • Постер-сесии и настани за неформално вмрежување;
  • Споделување искуства за истражувачки престои и академска мобилност.

Клучни информации и аплицирање

  • Датум на одржување: 24–26 ноември 2026 година.
  • Локација: Медицински универзитет во Гдањск, Полска (со физичко присуство).
  • Краен рок за пријавување: 15 октомври 2026 година.
  • Сертификација: Сите учесници кои ќе присуствуваат на целосната сесија ќе добијат сертификат за учество и зборник на апстракти (Book of Abstracts).

 

Пријавувањето се врши преку следниот ОНЛАЈН ФОРМУЛАР.

За дополнителни информации и прашања, можете да се обратите до канцеларијата на MUG ACE²-EU на е-пошта: ace2-eu@gumed.edu.pl или на следниот линк https://www.ace2eu.eu/event/save-the-dates-ace%C2%B2-eu-student-led-colloquium-2026/