Search

УГД домаќин на интернационалниот BIP проект „Уметноста и кореографијата како алатка за социјална трансформација“: Јавен настан и завршна перформанс-инсталација во МКЦ – Скопје

Споделете

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, како водечка академија и координатор, го најавува одржувањето на физичката мобилност од престижната Комбинирана интензивна програма (Blended Intensive Programme – BIP), насловена како „Уметноста и кореографијата како алатка за социјална трансформација“.

Програмата, која се одвива во рамките на европската алијанса ACE²-EU, започнува овој понеделник (31 август) и ќе трае до 4 септември 2026 година. Настанот под своја закрила обединува студенти и ментори од три европски универзитети:

  • Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип (Северна Македонија) – главен организатор и домаќин, предводен од доц. д-р Адријана Данчевска (Филмска академија – Современ танц) и проф. д-р Јана Јакимовска (Ликовна академија – Класично сликарство);
  • Universidad Francisco de Vitoria – UFV (Шпанија) – проф. Џули Ен Марсден (Julie Ann Marsden);
  • Latvian Academy of Culture – LAC (Латвија) – проф. Илзе Ѕирина (Ilze Zirina).

 

Вон-универзитетски партнер и главен соработник во овој проект е здружението КУЦ „Текстил“, чии сведоштва и архивски материјали за работничките права послужија како главна инспирација и истражувачка база за студентите.

Оваа интензивна меѓудисциплинарна програма ги поставува кореографијата, ликовната уметност и јазикот како моќни алатки за социјална трансформација и јавен дијалог. Преку практично-истражувачки и трансмедијален пристап, 20 избрани студенти од сите факултети на алијансата ACE²-EU ги преточуваат вистинските сведоштва на текстилните работници во апстрактни уметнички сегменти — преку тело и движење, визуелна уметност и збор.

Jавен настан во МКЦ – Скопје

Куминацијата на оваа неколкунеделна меѓународна соработка ќе биде крунисана со јавна перформанс-инсталација и изложба, која ќе се одржи во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.

Настанот ќе овозможи публиката директно да се соочи со прашањата за работничките права и современите социјални предизвици, претставени преку младешката уметничка визија на интернационалниот студентски ансамбл.

Студентите кои успешно ќе ја завршат програмата стекнуваат 3 ЕКТС-кредити, но пред сè, непроценливо искуство во доменот на уметничкиот активизам, заедницата и европската културна соработка.

Подеталната агендина и точното време за финалниот перформанс во МКЦ ќе бидат дополнително објавени на официјалните канали на УГД и МКЦ Скопје.