Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го објави Вториот уписен рок за запишување студенти во прва година на прв циклус студии за учебната 2026/2027 година.
Пријавувањето на кандидатите ќе се реализира на 3 и 4 септември 2026 година.
И во вториот уписен рок, за сите слободни места на факултетите и академиите во составот на УГД, процесот е целосно дигитализиран и се одвива електронски преку порталот eupisi.ugd.edu.mk.
Важни датуми за Вториот уписен рок:
- 3 и 4 септември: Пријавување на кандидатите (онлајн апликација и поднесување документи);
- 11 септември: Објавување на прелиминарните резултати;
- 14 септември: Поднесување приговори на прелиминарните резултати;
- 15 септември: Објавување на конечната ранг-листа и решението за прием;
- 16 и 17 септември: Запишување на примените кандидати.
Начин на пријавување и потребни документи:
Кандидатите најпрво креираат електронска апликација на eupisi.ugd.edu.mk. Во рамките на апликацијата, кандидатите можат да изберат до три приоритетни студиски програми.
По пополнувањето на онлајн апликацијата и електронското плаќање на надоместокот за пријавување, кандидатите ги доставуваат оригиналните документи до соодветните студиски центри на УГД (Штип, Струмица, Скопје, Кавадарци и Гевгелија):
- Пријава генерирана од системот;
- Оригинални свидетелства од сите 4 години и диплома за завршено средно образование (со или без државна матура);
- Извод од матична книга на родени;
- Доказ за државјанство на РСМ (не постар од 6 месеци);
- Потврда за платени трошоци за пријавување (доколку плаќањето е извршено преку банка/пошта).
За студиските програми каде што е предвидена проверка на знаењата, умеењата или психофизичките способности (Музичка академија, Ликовна академија, Филмска академија, Факултет за медицински науки и Факултет за образовни науки), проверките ќе се организираат во директен контакт со факултетите.
Сите дополнителни информации, деталниот преглед на слободните места по факултети и студиски програми, како и упатствата за аплицирање се достапни на официјалната веб-страница на Универзитетот Уписи прв циклус 2026/2027


