Во рамки на активностите на ACE²-EU Алијансата, на 24 септември 2026 година, од 15:00 до 17:00 часот (CET), ќе се одржи онлајн ALES курсот „Gamification for Teaching and Learning in Higher Education“ („Гејмификација во наставата и учењето во високото образование“).
Курсот е посветен на примената на гејмификацијата како современ и иновативен пристап во високото образование, со фокус на можностите за зголемување на мотивацијата и ангажираноста на студентите и создавање поинтерактивен процес на настава и учење.
Настанот претставува можност за академскиот кадар да се запознае со пристапи и практики преку кои елементите на гејмификацијата можат да се интегрираат во универзитетската настава.
📅Датум: 24 септември 2026 г.
🕒 Време: 15:00 – 17:00 ч. (CET)
💻 Формат: онлајн
📝 Регистрација: отворена до 24 септември 2026 година.
Повеќе информации за курсот:
https://www.ace2eu.eu/event/ales-gamification-for-teaching-and-learning-in-higher-education/
Регистрација:
https://forms.gle/BJs5gq7UsKo2D2Qh7
Ги покануваме сите заинтересирани членови на академската заедница да се регистрираат и да учествуваат на курсот.


