Во рамките на овогодишната манифестација „Европска ноќ на истражувачите 2026“, на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип ќе се одржи пленарно предавање на академик проф. д-р Блажо Боев на тема „Важноста на K-T геолошката граница во еволуцијата на Земјата“.
Предавањето ќе се одржи на 24 септември 2026 година (четврток), со почеток од 11 часот, во aмфитеатар 2 на Кампус 2 при УГД.
Настанот ќе биде официјално отворен од проректорот за развој и инвестиции, проф. д-р Дарко Лазаров, а со пригодно обраќање до присутните ќе се обрати и ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски.
Предавањето на академик Боев нуди можност за подлабок увид во еден од најважните пресвртни моменти во геолошката историја на Земјата. За учество на настанот е потребна претходна регистрација, која може да се изврши преку следниот линк: https://choose-science.eu/events/lecture-blazo-boev/



