Search

Трет уписен рок на УГД

Споделете

Започна третиот уписен рок на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, кој се реализира во среда и четврток, 16 и 17 септември.

По првиот и вториот уписен рок, во кои беше забележан зголемен интерес во однос на претходните години, во третиот се слободни вкупно 2360 места. Од нив, 994 се за редовни студенти во државна квота, 831 во квотата со кофинансирање и 535 места за вонредни студенти.

На неколку студиски програми на Факултетот за медицински науки (Општа медицина, Дентална медицина и Фармација) нема слободни места, исто како и на насоката Менаџмент и маркетинг на Економски факултет и Одделенска насока на Факултетот за образовни науки.

Паралелно со третиот уписен рок се врши и запишувањето на примените студенти од вториот рок. Резултатите од третиот уписен рок ќе бидат објавени на 23 септември. Запишувањето на примените бруцоши во третиот уписен рок ќе се врши на 28 и 29 септември.

Првиот академски час ќе се одржи на 1 октомври, традиционално на платото пред Економски факултет, а истиот ден факултетите ќе го имаат и својот приемен ден за новите студенти.

Во наредниот период УГД ќе го објави и Конкурсот за ранливите категории на студенти.

Линк до уписи: Уписи прв циклус 2026/2027 – Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип