Search

„Филмска вечер со Божидар Коцевски“ на 28 октомври

Споделете

„Филмска вечер со Божидар Коцевски“ ќе се одржи на 28 октомври 2026 година, со почеток во 18:30 часот, во свечената сала на Правен факултет при УГД.

Овој настан се реализира во рамките на „Деновите на германскиот јазик“, во соработка со Амбасадата на Сојузна Република Германија, и е наменет за сите студенти на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Гостин ќе биде Божидар Коцевски, македонски актер роден во Штип, кој живее и работи во Германија. Ќе биде прикажан филмот „Prange – Man ist ja Nachbar“, во кој тој настапува. Проекцијата ќе биде на германски јазик, со македонски и со албански превод, што овозможува настанот да биде достапен и за студентите кои не го познаваат германскиот јазик.

По проекцијата ќе следува разговор со актерот за неговиот професионален пат, актерската кариера и животот во Германија, со можност публиката да поставува прашања.