Медицинскиот универзитет во Гдањск со поддршка од Полската национална агенција за академска размена организира серија онлајн-работилници под насловот „CULTUREWISE: Intercultural Skills for a European Campus“. Настанот е наменет за студентите, наставниот и административниот кадар од сите партнерски универзитети во рамките на Aлијансата ACE2EU.
Главната цел на овие обуки е да овозможат развој на практични вештини за поуспешна работа, комуникација и соработка во интернационално и мултикултурно академско опкружување.
Работилниците ќе се одржуваат по следниот распоред:
- Управување со времето (Time Management): 28 – 29 ноември 2026 година;
- Лидерство (Leadership): 16 – 17 јануари 2027 година;
- Преговарање и решавање конфликти (Negotiation & Conflict Resolution): 27 – 28 февруари 2027 година.
Сите работилници ќе се одржуваат на англиски јазик во онлајн сесии од по максимум 30 учесници.
Пријавување и дополнителни информации за CULTUREWISE
Поканети се сите студенти и вработени на УГД да ја искористат оваа можност за надградување на своите знаења и вештини.


