Search

Проф. д-р Сашка Јовановска од Филолошки факултет е добитничка на наградата „Научна продуктивност за 2025 година“ од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип

Споделете

По повод одбележувањето на Светскиот ден на науката за мир и развој – 10 ноември, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип организираше свечена церемонија на која беа доделени годишните награди и признанија за најзначајните научноистражувачки достигнувања остварени во текот на 2025 година.

Со особено задоволство и гордост истакнуваме дека проф. д-р Сашка Јовановска од Филолошки факултет е добитничка на престижната универзитетска награда „Научна продуктивност за 2025 година“, како признание за остварените научноистражувачки резултати и придонесот во унапредувањето на научната мисла.

Свеченоста беше посветена на афирмацијата на научната извонредност, истражувачките достигнувања и академскиот потенцијал на универзитетската заедница. Притоа, беше нагласен континуираниот развој на научноистражувачката дејност на Универзитетот, зголемувањето на научната продуктивност и јакнењето на меѓународната видливост и препознатливост на неговите научни достигнувања.

Ова признание претставува потврда за значењето на континуираната научноистражувачка работа, академската посветеност и стремежот кон создавање и промовирање на научните сознанија. Истовремено, тоа е поттик за натамошно истражување, меѓународна научна соработка и афирмација на Филолошкиот факултет и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип во поширокиот академски и научен простор.

Повеќе информации за годишните признанија и награди: УГД го одбележа Светскиот ден на науката: 20 отсто повеќе научни публикации, проф. д-р Сашо Коцески е „Научник на годината“ – Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип