Алијансата на европски универзитети ACE²-EU го отвори фотоконкурсот за мобилност под наслов „Different Lenses, Shared Values“.
Повикот е отворен за сите студенти и вработени (наставен и административен кадар) од универзитетите членки на Алијансата ACE²-EU кои оствариле мобилност, односно оствариле престој на некој од европските универзитети. Целта на конкурсот е преку фотографии да се доловат и прикажат европските вредности – преку инспиративни, емотивни или хумористични моменти од искуствата стекнати за време на престојот на партнерските универзитети.
Клучни детали за аплицирање:
- Краен рок за пријавување: 13 ноември 2026 година, до 23:00 часот (CET).
- Начин на пријавување: Со пополнување на онлајн апликација, прикачување на фотографијата и прифаќање на задолжителните декларации.
- Линк за контакт и прашања: ace-com@e-ucb.ro.
Апликацијата и сите информации можат да се најдат на следниов линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSf5jclY3I1F6q9w721IbCF5cWKJbfP4ZeiXrVjyD9iYA9BtJA/viewform


