Европската универзитетска алијанса ACE²-EU од 2026 година ја стартува програмата ACE_RISE (Reach, Inspire, Serve, Engage), наменета за студенти кои сакаат да стекнат меѓународно искуство и да работат на реални општествени предизвици.
Програмата нуди повеќе од 70 волонтерски можности годишно во различни области – социјални услуги и грижа, култура и креативни индустрии, јавна администрација, образование и други сектори.
Секој студент кој ќе биде избран добива можност за 8-дневна мобилност во странство, со обезбедени финансиски средства.
Можностите за вклучување се преку две насоки:
ACE_RISE Social Impactors – Фокус на теми како култура и различност, социјална благосостојба, почит и достоинство, како и родова еднаквост. Преку ова студентите соработуваат со надворешни организации и работат на иницијативи од јавен интерес.
ACE_RISE Culture Hub – Оваа програма е насочена кон културна размена и креативни активности. Овозможува практично вклучување во културни проекти од интерес на универзитетите и поврзување со заедницата.
Како изгледа програмата?
Програмата се состои од два задолжителни дела:
- Онлајн MOOC курс (25 часа) – обука пред мобилноста;
- 8-дневна теренска волонтерска активност во земја-домаќин, под менторство на организацијата која го реализира проектот.
По успешно завршување (курс + мобилност), студентите добиваат 2 ЕКТС кредити и сертификат со наведени вештини кои ги стекнале за време на програмата.
Кој може да се пријави?
Сите студенти од универзитетите членки на ACE²-EU можат да аплицираат – и за активности во странство и за оние што се организираат на матичниот универзитет.
📌 Рок за пријавување за активности во пролетниот семестар (крај на март – крај на мај) е 8 март.
📌 Рокот за летниот и за есенскиот семестар ќе биде објавен дополнително.
🔗 Пријавување: https://forms.gle/pFaxKcK9KeU5UMgHA
🔗 Каталог со сите волонтерски можности: https://www.ace2eu.eu/ace-rise/
За дополнителни информации студентите можат да се обратат на:
mafalda.ferreira@esa.ipsantarem.pt
paula.pinto@esa.ipsantarem.pt
Детални информации за програмата можат да се најдат и на следниов линк: https://www.ace2eu.eu/european-university-alliance-ace%c2%b2-eu-launches-volunteer-programmes/


