Search
|     contact@ugd.edu.mk

Одборот за акредитација во високото образование одржа работна седница на УГД

Споделете

Одборот за акредитација на високото образование денес одржа работна средба и седница на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Претходно работна средба се одржа со раководството на УГД, каде што се разговараше за заеднички проекти, акредитација на програми и развојот на високото образование.

  • Новото раководство на Одборот за акредитација на високото образование почнува една политика на поголема отвореност и посети на високообразовните институции. Овој процес го започнуваме токму од Универзитетот „Гоце Делчев“, затоа што сметаме дека овој универзитет е одличен пример за тоа како треба да се дигитализира процесот на високо образование во целата држава. Покрај работната посета, којашто ја имавме со ректорот и проректорите на УГД, ние денес ќе одржиме и седница во Ректоратот на УГДистакна претседателот на Одборот за акредитација на високото образование, проф. д-р Марјан Ѓуровски.

Покрај редовната соработка во делот на акредитација на студиските програми овие две институции планираат соработка и во делот на апликација на заеднички проекти со цел унапредување на високото образование.

  • Почестени сме што денес како гости ги имаме членовите и претседателот на Одборот за акредитација на високото образование. Ние сме отворени за поблиска соработка во делот на развојот и дигитализација на високото образование. Сметаме дека ваков отворен пристап ќе придонесе за поголем квалитет во високото образованиеизјави ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски.

На работната средба стана збор и за интернационализација на високото образование со акредитирање на поголем број студиски програми на англиски јазик. Ова ќе доведе до поголем квалитет на високото образование, но воедно и поставување на нашите универзитети на мапата на светски универзитети и зголемена видливост за меѓународни студенти.