Програмата BREATH го објави вториот Повик за аплицирање за докторски кандидати, нудејќи вкупно 10 целосно финансирани PhD позиции во рамки на интердисциплинарна докторска програма која ги поврзува општествените и хуманистичките науки (SSH) со здравството.
Во рамки на Повикот се достапни 11 интердисциплинарни истражувачки проекти, кои се фокусираат на пресекот меѓу здравствените науки и општествено-хуманистичките дисциплини. Докторандите ќе бидат менторирани од тројца коментори: експерт од SSH, експерт од областа на здравството, како и неакадемски и/или меѓународен експерт.
Што нуди програмата BREATH?
BREATH нуди уникатно истражувачко искуство, целосно финансирано во период од 36 месеци, со атрактивни услови кои вклучуваат:
- месечен надомест (плата),
- додаток за мобилност,
- семеен додаток,
- целосно здравствено осигурување.
Покрај тоа, програмата обезбедува:
- исклучителни услови за работа и менторство,
- висококвалитетна истражувачка обука на англиски јазик,
- задолжителна тримесечна мобилност (secondment),
- обука за преносливи вештини и поддршка за личен и професионален развој.
Кој може да аплицира?
Право на аплицирање имаат:
- истражувачи со завршени мастер студии од областа на општествените и хуманистичките науки или здравството,
- кандидати кои немале престој подолг од една година во Франција во последните три години пред објавувањето на Повикот.
Краен рок за онлајн аплицирање: 12 март 2026 година.
Повеќе информации и пријава за вебинарот се достапни на официјалниот линк:
https://lnkd.in/ehVpCd_r


