Информации за Алијансата – ACE2EU
Мисијата на ACE2-EU – Применетиот, поврзан, претприемачки и ангажиран европски универзитет – е да ги обедини студентите, наставниците, истражувачите и засегнатите страни во заедничка цел: справување со идните предизвици преку иновација, образование и општествена одговорност.
Алијансата ги поврзува девет европски институции во еден заеднички меѓууниверзитетски кампус, кој поттикнува транснационална соработка и создавање на решенија засновани на предизвици – од дигиталната и зелената транзиција до социо-економските прашања што го обликуваат современото општество.
Нашиот пристап се заснова на четири столба: применетост, поврзаност, претприемништво и ангажираност. Преку мултидисциплинарни тимови на знаење, ACE2-EU развива флексибилни и иновативни програми за учење, истражување и служба на општеството.
Главни оперативни центри
Главните оперативни центри – APP Factory, ARIES инкубатор, SPACE центар и дигиталната платформа e–Campus – овозможуваат практична примена на знаењето, поттикнуваат креативност и кокреација и ги обединуваат европските партнери во развој на решенија со реално влијание.
ACE2-EU ја промовира културата на вклученост, еднаквост и човеково достоинство, обезбедувајќи пристап до квалитетно образование без разлика на пол, возраст, потекло или статус. Алијансата се залага и за заштита на животната средина преку „Green Campus“ практики, одржливи ресурси и истражувања насочени кон климатска одржливост.
Нашата работа се темели на одговорност и транспарентност, со јасна посветеност на европските вредности: демократија, слобода, владеење на правото, еднаквост, човекови права, солидарност и мир.
Со обединување на идеите, знаењето и луѓето, ACE2-EU создава современ, динамичен и одржлив образовен екосистем што го зајакнува европскиот идентитет и го подготвува општеството за иднината.
Партнери со УГД во оваа Алијанса се:
- Политехнички универзитет во Сантарем, Португалија
 - Универзитет за применети инженерски науки во Каунас, Литванија
 - Латвиската академија за култура, Рига, Латвија
 - Универзитет „Константин Бранкуш“ во Таргу Жиу, Романија
 - Медицински универзитет во Гданск, Полска
 - Универзитет за применети науки во Кaринтија, Австрија
 - Универзитет „Франциско Де Виторија“ во Мадрид, Шпанија
 - Технички универзитет во Инголштад, Германија
 
Можности за студенти и вработени
Категоријата „Можности за студенти“ нуди програми, обуки и настани преку кои студентите можат да развијат иновативни, претприемачки и интернационални вештини во рамките на европската универзитетска алијанса ACE2-EU. Преку разни академски и истражувачки иницијативи, студентите имаат пристап до заеднички курсеви, летни школи, мобилности и предизвици насочени кон решавање на реални општествени проблеми.
Погледни ги сите можности за студенти
Категоријата „Можности за вработени“ е наменета за академски и административен кадар кој сака да учествува во транснационални програми за усовршување, истражувачки проекти, мобилности и иновативни иницијативи во рамките на ACE2-EU. Овие активности поттикнуваат соработка, креативност и размена на знаење меѓу универзитетите, со цел заедничко градење на европски образовен простор.
Погледни ги сите можности за вработени
ACE2EU ТИМ
Административна поддршка за Алијансата:
Канцеларија ACE2EU
Ул. Крсте Мисирков 10 А (2ри спрат)
2000, Штип 
Email: ace2eu@ugd.edu.mk
Вести
Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, како дел од европската алијанса ACE²-EU, ги поканува студентите да учествуваат на следната сесија на ACE Virtual Coffee, посветена на
Почна ACEploration мисијата во Латвија, во рамките на ACE²-EU универзитетската алијанса, каде што учествуваат и професорките Јана Јакимовска и Андријана Данчевска од Универзитетот „Гоце Делчев“
На 2 декември 2025 година, од 10:00 до 11:30 часот (CEST), ќе се одржи онлајн настан организиран од Entrepreneurship Academy при ARIES Incubator. Линкот за
📢 Онлајн настан: ARIES Incubator – Workshop “Knowledge Creation Missions”
Од 22 до 24 октомври 2025 година, Техничкиот универзитет во Инголштад, Германија, беше домаќин на двата најзначајни настани во рамките на Европската универзитетска алијанса ACE²-EU
Европската Универзитетска алијанса ACE2EU во рамките на програмата Applied Blended Challenge (ABC) објавува Повик за учество на еднодневен онлајн курс на тема „Creating an Active