Search

Уписи прв циклус 2026/2027

Право на запишување на прв циклус универзитетски и стручни студии имаат кандидати со завршено четиригодишно средно образование, и тоа:

  • кандидати завршени во учебната 2025/2026 со државна матура, државна стручна матура, државна уметничка матура
  • кандидати завршени по учебната 2020/2021 со државна матура,
  • кандидати завршени во учебната 2019/2020 без државна матура,
  • кандидати со завршена државна матура пред учебната 2019/2020,
  • кандидати со завршено образование пред учебната 2007/2008 година и не полагале државна матура, како и
  • кандидати со завршено четиригодишно средно образование (со завршена меѓународна матура).

 

Пријавувањето на кандидатите за запишување на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип во онлајн апликацијата https://eupisi.ugd.edu.mk. Постапката за пријавување е детално ојаснета во рамките на следново упатство:  Упатство.pdf 

При пријавување на кандидатите за запишување на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип во онлајн апликацијата кандидатите можат селективно да ги набележат своите три можни приоритетни избори на студиски програми од различни единици кои се во рамките на Универзитетот.

Пример:

  1. Државна квота, Факултет А
  2. Кофинансирање, Факултет А
  3. Државна квота, Факултет Б

 

Кандидатите се запишуваат како редовни студенти финансирани од државата и редовни студенти со кофинансирање на студиите.

На прв циклус на студии можат да се запишуваат и вонредни студенти, доколку тоа го овозможува карактерот на студиската програма.

Начинот на селекција и рангирање на кандидатите ќе се врши во зависност од видот на студиските програми за кои конкурираат, и тоа:

a) на студиските програми без проверка на знаења и умеења на кандидатите, каде што селекцијата се врши само според успехот од средното образование (успехот од средното образование за кандидатите без матура, односно успехот од средното образование и матурата за кандидатите со положена матура) кој учествува со 100%, односно по таа основа можат да се добијат најмногу 100 поени, и

b) студиски програми со проверка на знаења и умеења на кандидатите), каде што селекцијата ќе се врши врз основа на успехот од средното образование (успехот од средното образование за кандидатите без матура, односно успехот од средното образование и матурата за кандидатите со положена матура) кој учествува со 40% (40 поени) и успехот од проверката на знаењата и умеењата на кандидатот, кој учествува со 60% (60 поени);

Подолу е дадена листа на студиските програми со проверката на знаењата и умеењата на кандидатите.

c) Од учебната 2026/2027 во зависност од видот на матурата кој го имаат положено кандидатите можат да вршат избор на студиски програми согласно следниве критериуми

Табеларен преглед на соодветноста на струки/сектори и профили/квалификации со подрачја според Меѓународна стандардна класификација на образованието (ISCED-F 2013) (.pdf)

Листа на екстерни предмети и интерни предмети од државната матура соодветни за пријавување за запишување на студиските програми на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип за кандидатите што полагале државна матура во учебните 2020/2021 и 2025/2026 г. (.pdf)

Основен критериум за селекција и рангирање на кандидатите за запишување на додипломски студии е успехот постигнат во средното образование. Во зависност од видот на студиската програма, дополнителен критериум за селекција е проверка на знаењата и умеењата на кандидатите.

Вреднувањето на успехот на кандидатите се изразува во поени. Кандидатите можат да освојат најмногу 100 поени, односно 40 поени за оние што имаат проверката на знаењата и умеењата.

Конкурсот за упис на студенти во академската 2026/2027 година е достапен на следниов линк: Конкурс за прв циклус студии 2026/2027

  1. Кандидатите поднесуваат/креираат електронска апликација со лични податоци и податоци од средното образование во https://eupisi.ugd.edu.mk/. Во рамките на електронската апликација ги плаќаат (електронски) и трошоците за пријавување:
    1. На студиски програми на кои НЕ СЕ врши проверка на знаења и умеења:
      • 300 денари на жиро-сметка на Универзитетот (приходна шифра 723019 во електронското плаќање при креирање на електронска апликација), и
      • 50,00 денари административна  такса (приходна шифра ТМ во електронското плаќање при креирање на електронска апликација)
    2. На студиски програми на кои СЕ врши проверка на знаења и умеења:
      • 500 денари на жиро-сметка на Универзитетот (приходна шифра 723019 во електронското плаќање при креирање на електронска апликација), и
      • 50,00 денари административна  такса (приходна шифра ТМ во електронското плаќање при креирање на електронска апликација)

НАПОМЕНА: Препорачуваме електронска уплата на средствата за пријавување, заради моментално книжење на истите во електронскиот систем за пријавување и максимална транспарентност.

  1. По поднесувањето/креирањето на електронска апликација, кандидатот ги доставува физичките документи (оригинали) секој работен ден од 09 до 13 часот на подолу наведените локации (документи не се испраќаат преку е-пошта). Притоа само кандидатите кои ќе достават физички документи (со цел проверка на внесените информации) ќе бидат рангирани. Документите е потребно да се достават НАЈДОЦНА заклучно со последниот ден од официјалните рокови за пријавување на кандидати (НАЈДОБРО ПОРАНО). Потребни документи се:
    1. Пријава за упис која се генерира од апликацијата за упис
    2. Свидетелства од 4-те години средно образование + диплома (државна матура, меѓународна матура, без матура)

*Свидетелствата и дипломата стекнати во странство треба да бидат нострифицирани.

  1. Извод од матичната книга на родените (не постар од 6 месеци);
  2. Доказ за државјанство на РМ (уверение или решение, не постар од 6 месеци).
  3. Лицата со посебни права да ги достават дополнителните документи според конкурсот (IV- 8)
  4. Во случај на уплата преку институции за ПП (банки, пошти), овие уплатници се приложуваат заедно со останатите документи:
    • Жиро-сметка на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип 100000000063095
    • Сметка на корисник 1600160330-788-18
    • Приходна шифра 723019
    • Програма 44
    • Образец ПП-50
  1. Кандидатите кои нема да бидат задоволни од прелиминарните резултати, имаат право за поднесување на ПРИГОВОРИ на наменската е-пошта, од нивната е-mail со која се регистрирале на системот за пријавување, наведување на евидентниот број и причината за приговорот. Резултатите од поднесените приговори се објавуваат исто така на веб страната на УГД.
  2. Во соодветните рокови, ќе се генерираат конечни решенија за прием на кандидати, врз основа на кои примените кандидати е потребно да се запишат на Универзитетот.

Горе наведените постапки се објаснети и во рамките на упатството за пријавување и запишување на кандидати.

Студенти од студиски програми од други високообразовни установи од земјата можат да преминат на студиски програми на единиците на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, под услови утврдени со студиската програма на која се преминува. Притоа потребно е да се следи следната:

Процедура за премин на студентите внатре во Универзитетот и од други универзитети

ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ СО ПРЕФРЛУВАЊЕ ОД ДРУГИ УНИВЕРЗИТЕТИ

  1. Кандидатите поднесуваат/креираат електронско барање за префрлување со лични податоци и податоци од средното образование во https://eupisi.ugd.edu.mk/. Во рамките на електронската апликација ги плаќаат (електронски) и трошоците за поднесување на барањето за префрлување од друг Универзитет. Постапката е следна:
    1. Кандидатот ги уплатува потребните средства за поднесување на електронското барање за префрлување (50 денари за административна такса);
    2. Кандидатот ги пополнува основните податоци, и
    3. Кандидатот ги пополнува податоците за барањето/студирањето (од кој Универзитет/факултет доаѓа, на кој факултет/студиска програма/начин на студирање/плаќање бара да се префрли на УГД);
    4. Описно наведува што е барањето (доколку бара да се признаат одредени испити положени претходно, овде го наведува истото);
    5. Ги прикачува потребните документи (на пример, уверение со положени испити од претходната институција).
  2. По креирањето на електронското барање, кандидатот го следи неговиот статус и моментална инстанца на одлучување. Процесирањето на барањето завршува со промена на статусот на барањето во Одобрено или Одбиено.

НАПОМЕНА: Препорачуваме електронска уплата на средствата за пријавување, заради моментално книжење на истите во електронскиот систем за пријавување и максимална транспарентност.

Горе наведените постапки се објаснети и во рамките на упатството за пријавување и запишување на кандидати.

Кампус 1

Ликовна академија – la.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi

Музичка академија – ma.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi

Филмска академија – fa.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi

Кампус 2

Земјоделски факултет – zf.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi

Машински факултет – mf.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi

Електротехнички факултет – etf.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi

Технолошко-технички факултет – ttf.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi

Факултет за информатика – fi.ugd.edu.mk/studii/prvCiklus

Факултет за природни и технички науки – fptn.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi

Кампус 3

Факултет за медицински науки – fmn.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi

Кампус 4

Економски факултет – ef.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi

Правен факултет – pf.ugd.edu.mk

Филолошки факултет – ff.ugd.edu.mk

Факултет за образовни науки – fon.ugd.edu.mk

Факултет за туризам и бизнис логистика – ftbl.ugd.edu.mk

Рокови за пријавување:

  • прв уписен рок 19, 20 и 21 август,
  • втор уписен рок 3 и 4 септември,
  • трет уписен рок 16 и 17 септември.

 

Термини за спроведување на испитите за проверка на знаења и умеења

Приемните испити, испитите за проверка на знаењата и умеењата, како и тестирањето на психофизичките способности, за секој од испитните рокови ќе се реализираат на следните датуми:

Факултет

Прв уписен рок

Втор уписен рок

Трет уписен рок

Факултет за медицински науки

на студиските програми на македонски јазик (се однесува за студентите кои немаат полагано државна матура) 

24 (тест по Биологија) и 25 (тест по Хемија) август од 9 часот

9 (тест по Биологија) и 10 (тест по Хемија) септември од 9 часот

 

21 (тест по Биологија) и 22 (тест по Хемија) септември од 9 часот

 

Факултет за музичка уметност

24 и 25 август од 9 часот

9 и 10 септември од 9 часот

21 и 22 септември од 9 часот

Факултет за ликовна уметност

24 и 25 август од 9 часот

9 и 10 септември од 9 часот

21 и 22 септември од 9 часот

Филмска академија

24 и 25 август од 9 часот

9 и 10 септември од 9 часот

21 и 22 септември од 9 часот

Факултет за образовни науки

24 и 25 август од 9 часот

9 и 10 септември од 9 часот

21 и 22 септември од 9 часот

 

Ќе добиете покана и детали за начинот на спроведување на испитот на вашите емаил адреси. Затоа проверувајте ги редовно.

Студиски програми за кои се врши проверка на знаења и умеења

ФАКУЛТЕТ ЗА МЕДИЦИНСКИ НАУКИ

На Факултет за Медицински науки се дефинираат следниве критериуми за упис на студенти на студиската програма по Општа медицина, и тоа:

  • Во уписните рокови да се прифаќаат само документи ка кандидати кои имаат најмалку 80 бода по сите основи (успех од четири години завршено средно образование и успех од положена матура);
  • Истите критериуми важат и за странските студенти.

Дополнителни критериуми за студиските програми по Општа медицина, Денталана медицина и Фармација

  • По одлука од ректорска управа на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, од Факултетот за Медицински науки се дефинираат дополнителни критериуми, за упис на кандидати кои немаат положени државна матура, на студиските програми по Општа медицина, Дентална медицина, и Фармација на македонски јазик во учебната 2026/27 година, и тоа:
    • Да се спроведе приемен испит по предметите хемија и биологија (во текот на уписните рокови);
    • При рангирањето да се засметуваат освоените бодови од успехот во четиригодишното средно образование (максимум 60 бода) и освоените бодови од спроведениот приемен испит по предметите хемија и биологија (максимум 40 бода) по 40 прашања од двата предмета, секое прашање да носи по 0,5 бода – вкупно максимум 40 бода.

Кандидатите мора да освојат најмалку 21 од 40 бода за да го положат приемниот испит.

Приемниот испит се реализира со физичко присуство. Сите апликанти ќе добијат е-пошта со детални упатства пред испитот. Ве молиме редовно проверувајте ја вашата е-пошта.

Испитни теми

Тематските поглавја за полагање приемен испит по Биологија на македонски јазик се усогласени со средно гимназиско образование – преземи програма.

Тематските поглавја за полагање приемен испит по Хемија на македонски јазик

Контакт информации

За сите дополнителни прашања во врска со влезниот испит, контактирајте не на:

📧 fmn@ugd.edu.mk

 


 

МУЗИЧКА АКАДЕМИЈА– проверка на знаења се врши за студиските програми:

  • Студиска програма: Музичка теорија и педагогија
    • I – ДЕЛ (СОЛФЕЖ)
      • Диктат – во тоналитет до два предзнаци
      • Пеење прима виста на непозната вежба
      • Слушање и препознавање на трозвуци
    • II – ДЕЛ (ОСНОВИ НА ХАРМОНИЈА)
      • Градење на зададени трозвуци,
      • Градење на трозвуци и четиризвуци со зададен басов тон,
      • Градење на квинтакорди во зададени тоналитет со зададени стапала.

📖 Литература:
Marko Tajčević. 1962. Osnovna teorija muzike. Beograd: Prosveta

    • III – ДЕЛ (ПИЈАНО)
      • Полифона композиција по избор
      • Соната по избор
      • Етида по избор
      • Композиција по слободен избор
  • Студиска програма: Етнокореологија
    • I – ДЕЛ (СОЛФЕЖ)
      • Диктат – во тоналитет до два предзнаци
      • Пеење прима виста на непозната вежба
      • Слушање и препознавање на трозвуци
    • II – ДЕЛ (ЕТНОКОРЕОЛОГИЈА)
      • практични познавања на етнокореолошката наука
      • играорски предиспозиции
      • играчки репертоар
      • синхронизирани вежби
      • методика на народни ора
      • теориски познавања на етнокореолошката наука

📖 Литература:

    • Димоски Михаило, Народните ора и орската традиција, Етнологија на Македонците, МАНУ, Скопје 1996, стр. 281-286.
    • Пенушлиски Кирил, Македонски фолклор, Историски преглед, Ора и орски песни, Матица македонска, Скопје- Мелбурн, 1999, стр. 509-519.
    • Јаневски Владимир, Главни карактеристики на играорните подрачја, Зборник на трудови II, Илинденски денови, Битола 2010.
  • Студиска програма: Музичар изведувач (флејта, кларинет, саксофон, труба, гитара, хармоника, виолина)
    • I – ДЕЛ (СОЛФЕЖ)
      • Диктат – во тоналитет до два предзнаци
      • Пеење прима виста на непозната вежба
      • Слушање и препознавање на трозвуци
    • II – ДЕЛ (МУЗИЧАР ИЗВЕДУВАЧ)
      • Етида по избор
      • Виртуозна пиеса
      • Циклично дело
  • Студиска програма: Музичар изведувач (пијано)
    • I – ДЕЛ
      • Диктат – во тоналитет до два предзнаци
      • Пеење прима виста на непозната вежба
      • Слушање и препознавање на трозвуци
    • II – ДЕЛ (ПИЈАНО)
      • Полифона композиција по избор
      • Концертна етида по избор
      • Соната по избор
      • Композиција по слободен избор
  • Студиска програма: Соло пеење
    • I – ДЕЛ (СОЛФЕЖ)
      • Диктат – во тоналитет до два предзнаци
      • Пеење прима виста на непозната вежба
      • Слушање и препознавање на трозвуци
    • II – ДЕЛ (ВОКАЛНО ПЕЕЊЕ)
      • Изведба на три композиции од различни епохи:
      • Стара класика
      • Романтизам
      • Арија
      • Кандидатот одбира по сопствен избор со кој композиции ќе се претстави.
  • Студиска програма: Џез студии (џез гитара, џез бас, џез тапани, џез саксофон, џез труба, џез пијано, џез пеење)
    • I – ДЕЛ (СОЛФЕЖ)
      • Слушање, препознавање на интервали и трозвуци.
    • II – ДЕЛ (ПИСМЕН ТЕСТ)
      • Теорија – Историја

📖 Литература:

  • The History of Jazz – Ted Gioia (или извор по слободен избор на кандидатот),
  • Тhe Jazz Theory Book – Mark Levine (или извор по слободен избор на кандидатот).
    • III – ДЕЛ (МАТИЧЕН ИНСТРУМЕНТ)
      • Блуз композиција (слободен избор)
      • Џез стандард (слободен избор)

📖 Литература:

  • The Real Book – Jazz Standards, (или извор по слободен избор на кандидатот)

За подетални информации испратете е-маил продеканката проф. Валентина Велковска Трајановска valentina.trajanovska@ugd.edu.mk


ЛИКОВНА АКАДЕМИЈА – проверка на знаења се врши за студиските програми Класично сликарство и Вајарство

Tестирањето се одвива во 3 дена, и тоа со следните содржини:

Класично сликарство

  • Цртање портрет (4 часа)
  • Цртање акт (4 часа)
  • Сликање мртва природа со акварел (4 часа)

Вајарство

  • Цртање портрет (4 часа)
  • Цртање акт (4 часа)
  • Вајање слободна форма (4 часа)

За подетални информации испратете е-маил до продеканот проф. Јордан Ефремов jordan.efremov@ugd.edu.mk


ФИЛМСКА АКАДЕМИЈА – проверка на знаења се врши за студиската програма Современ танц и Балетска педагогија

Аудициите за катедрата за Современ танц за насока, за додипломски студии на англиски јазик и Балетска педагогија, годинава се организирани со физичко присуство. Секој потенцијален кандидат треба да испрати биографија, писмо на намери (може да е вклучено во видеото) и видео материјал, во кој ја презентира својата техничка подготвеност во класичен и современ танц, како и дел со импровизација. Потоа се закажува термин со физичко присуство, аудиција во просториите на Филмската академија во Скопје

 


Студиски програми за кои се врши проверка на психофизички способности

ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ (ФОН)  проверка на психофизички способности се врши на следните студиски програми: Одделенска настава, Предучилишно воспитување и Педагогија

Сите кандидати кои аплицираат на Факултетот за образовни науки на следните студиски програми:

  • Одделенска настава
  • Предучилишно воспитување
  • Педагогија
  • Историја – наставна насока

се должни да присуствуваат на интервју за проверка на психофизички способности, кое претставува составен дел од уписната постапка.

Интервјуто се реализира во просториите на Факултетот за образовни науки, според термините утврдени со Конкурсот за запишување студенти.

Кандидатите треба:

  • да се јават лично на закажаниот термин;
  • да понесат важечки документ за лична идентификација.

За дополнителни информации кандидатите може да се обратат на продеканката за настава проф. д-р Верица Јосимовска на е-пошта: verica.josimovska@ugd.edu.mk  или проф. д-р Билјана Попеска на е-пошта: biljana.popeska@ugd.edu.mk.

  • По пријавување во електронскиот систем, документите можете да ги доставите до најблиската локација, без разлика на коj факултет сте се пријавиле.
  • Доставување на документи може да се изврши во една од посочените локации по 11.08.2025 во периодот од 8:00 до 13:00 часот.
  • Документите мора да се достават најдоцна до последниот ден за пријавување согласно уписните рокови дефинирани во конкурсот.

Штип: Хол на Правен факултет (Стар ректорат) (8-13.00 часот):


 

Струмица, Наставен центар на УГД, ул. „Гоце Делчев“ бб; (студентски прашања, 8-13.00 часот)


 

Скопје, Наставен центар на УГД, бул. „Александар Македонски“ 24; (студентски прашања, 8-13.00 часот)


 

Кавадарци, Наставен центар на УГД, ул. „Шишка“ бр. 25; (студентски прашања, 9-14 часот)


 

Гевгелија, Наставен центар на УГД, ул. „7 ноември“ бб. (студентски прашања, 8-13.00 часот)


За сите прашања кои ги имате во врска со уписите може да испратите е-маил на upisi@ugd.edu.mk или да се јавите на еден од следните броеви:

  • 072 221 840 и
  • 075 400 197

(по 11.08.2026 г., од 8 до 13 часот).

По објавувањето на прелиминарната ранг-листа на кандидатите за запишување од страна на конкурсната комисија, кандидатот има право на приговор во рок од 24 часа. Приговорот се однесува само на технички пропусти и грешки направени при пресметувањето на бодовите и се упатува до Универзитетска конкурсна комисија преку пополнет образец.

  • Адреса за поднесување на приговори: prigovori@ugd.edu.mk
  • Образец за поднесување на приговор (се испраќа пополнет на наведената адреса): Образец

Во рамките на оваа секција ќе бидат објавени одлуките по  поднесените приговори, за секој од уписните рокови одделно. 

  1. Примените кандидати КОИ СЕ ПРИЈАВИЛЕ ЕЛЕКТРОНСКИ и ги има на конечни решенија за прием: upisi.ugd.edu.mk, е потребно да се запишат електронски, преку модулот за пријавување и запишување: eupisi.ugd.edu.mk.
  2. Се пристапува на е-пријавата и се клика на Запиши се:

  1. Се плаќаат сите потребни средства за упис на УГД и прв семестар наведени во табелата: (на секоја приходна шифра се прави посебна уплата за секоја сума, со платежната картичка со која располагате, преку линкот еКомеција):ВАЖНО: ДОКОЛКУ УПЛАТЕНИТЕ СРЕДСТВА ПРЕКУ Е-КОМЕРЦИЈА НЕ СЕ ВИДЛИВИ ВЕДНАШ, ВЕ МОЛИМЕ ПОЧЕКАЈТЕ (НЕ ПОВЕЌЕ ОД 60 МИНУТИ) ИСТИТЕ ДА СЕ КРЕИРААТ ВО СИСТЕМОТ, ПО ШТО МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИТЕ ПОНАТАМУ СО ЗАПИШУВАЊЕТО
  2. ПОСЛЕ уплатата на СИТЕ потребни средства, се појавува опција за избор на изборни предмети (доколку има) во прв семестар и се клика на Запиши семестар:
  3. Системот генерира порака со информации за креираниот електронски индекс:

ДОПОЛНИТЕЛНА ИНФОРМАЦИЈА:

Кандидатите кои при уписот не креираа електронска пријава, туку се пријавија само со физички документи, потребно е:

    1. Да ги реализираат потребните уплати за упис на УГД и прв семестар (ВИДИ УПЛАТИ), преку електронско банкарство или платен промет – банка/пошта;
    2. Скенови/копии/квалитетни фотографии (од мобилен уред) од реализираните уплати, во електронска форма да ги испратат на следната електронска пошта: zapisuvanje@ugd.edu.mk, со назнака дека се работи за уплати за запишан кандидат со ЕВИДЕНТЕН БРОЈ ИМЕ ПРЕЗИМЕ ФАКУЛТЕТ НАСОКА, како и ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ ОД ПРВ СЕМЕСТАР респективно за кандидатот, и
  1. Ќе добијат повратна е-пошта со информации за креиран електронски индекс и запишан прв семестар.

За сите новозапишани студенти ќе бидат објавени листи со кориснички имиња, формат на лозинки и насоки како да ги користат сите електронски платформи на УГД на кои по автоматизам ќе добијат пристап со самото запишување на Универзитетот.

ВАЖНО ЗА СИТЕ НОВИ СТУДЕНТИ:

  1. Најдоцна до 1 октомври 2026 година, секој новозапишан студент, на шалтерот на одделението за студентска архива е потребно:
    1. Да приложи потврда за лично годишно осигурување во осигурителна компанија по избор на студентот, со минимален износ од 150,00 денари за тековната година, и
    2. Да приложи Три фотографии (2 од 6х9 и 1 од 4х5).

Горе наведените постапки се објаснети и во рамките на упатството за пријавување и запишување на кандидати.

Листа на студентски прашања по факултет/град :

Штип

   

–   Филолошки  Факултет

Влатко Берковски

032 550 068

vlatko.berkovski@ugd.edu.mk

–   Факултет за Туризам и Бизнис логистика

Владимир Митев

032 550 331

vladimir.mitev@ugd.edu.mk

–   Факултет за природно технички науки,  Електротехнички Факултет

Сања Ристова

032 550 083

sanja.ristova@ugd.edu.mk

–   Факултет за информатика,

–   Техничко технолошки факултет

Валентина Давчева

032 550 064

valentina.davceva@ugd.edu.mk

–   Земјоделски Факултет,

–   Машински факултет

Иван Јосифов

032 550 071

ivan.josifov@ugd.edu.mk

–   Факултет за образовни науки,

–   Филмска академија,

–   Ликовна Академија

Милена Цацкова

032 550 062

milena.cackova@ugd.edu.mk

–   Факултет за медицински науки

Анка Јорданова

032 550 868

anka.jordanova@ugd.edu.mk

Мери Манева

032 550 070

meri.maneva@ugd.edu.mk

Стојанче Стојанов

032 550 078

stojance.stojanov@ugd.edu.mk

Васка Здравкова

032 550 408

vaska.zdravkova@ugd.edu.mk

Павле Куков

032 550 417

pavle.kukov@ugd.edu.mk

–   Музичка академија

Невенка Ронкова

032 550 081

nevenka.ronkova@ugd.edu.mk

–   Економски Факултет

Антонио Талевски

032 550 066

antonio.talevski@ugd.edu.mk

–   Правен Факултет

Љупче Нехтенин

032 550 480

ljupce.nehtenin@ugd.edu.mk

Скопје

   
 

Ивана Шоповска

032 550 365

ivana.sopovska@ugd.edu.mk

 

Елена Ваканска

032 550 831

elena.vakanska@ugd.edu.mk

Гевгелија

   
 

Павлина Минова Ичева

032 550 350

pavlina.iceva@ugd.edu.mk

Кавадарци

   
 

Зорица Георгиева

032 550 253

zorica.gorgieva@ugd.edu.mk

Струмица

   
 

Горан Петров

032 550 811

goran.petrov@ugd.edu.mk

Студентите на прв циклус студии кои се запишани на конкурс или со префрлување на УГД во прва студиска година во учебна 2026/2027 година се прикажани на следната ЛИСТА. Листата континуирано ќе се ажурира, во согласност со уписните рокови и обработката на податоците од страна на Универзитетот.

За сите студенти на прв циклус студии кои се запишани на конкурс или со префрлување на УГД во прва студиска година во новата академска година се генерирани броеви на индекси и се креирани кориснички профили за пристап и користење на следните информациски системи:

Е-индекс

Е-учење

Е-пошта

При најава на сите горенаведени електронски ресурси од страна на студентот се користи ИСТОТО корисничко име/лозинка во следниот формат:

Корисничко име: ime.BrojNaIndeks (пример: ivana.12345)

Иницијална лозинка: Ugd<Матичен број> (пример: Ugd0101991111111), каде што на местото на записот <Матичен број> се внесува матичниот број на студентот.

Поради безбедносни причини се препорачува да се промени иницијалната лозинка при првото најавување на кој било од горенаведените електронски ресурси.