Search

Промоција на седумтомна едиција за Балканските војни и Македонскиот фронт од проф. д-р Оливер Цацков

Споделете

На 20 ноември 2026 година (петок), со почеток во 12 часот, во НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ – Штип ќе се одржи промоција на седумтомна едиција посветена на Балканските војни (1912 – 1913) и Македонскиот фронт (1915 – 1918), чии автори се д-р Оливер Цацков и д-р Анита Илиева Николовска. За капиталното дело пред присутните ќе говори промоторот проф. д-р Андреј Илиев.

Покрај промоцијата на едицијата, во рамките на настанот ќе бидат отворени уште два значајни сегменти:

  • Изложба „(Не)завршена историја – Визуелни записи“ – составена од авторски цртежи на Јована Коцева и историски текстови од проф. д-р Оливер Цацков.
  • Премиерна проекција на краткометражниот документарен филм „Крвавата битка на Брегалница“ – автентичен филмски запис снимен во 1913 година од авторот Самсон Чернов.

 

Познавачот на историските текови и академската јавност се поканети да присуствуваат на овој уникатен спој на историјата, литературата, ликовната уметност и документарниот филм.