Search

Обука за претприемништво во рамките на проектот „IMPACTWHEEL“

Споделете

На 14 и 15 мај 2026 година, во рамки на проектот IMPACTWHEEL, Универзитетот „Гоце Делчев“ организираше дводневна обука за студенти од повеќе факултети.

На обуката учествуваа повеќе од 90 студенти од Факултетот за медицински науки, Економски факултет и Факултетот за природни и технички науки, кои имаа можност да се запознаат со основите на претприемништвото и VCW методологијата.

Преку интерактивни сесии, дискусии и практични активности, студентите стекнаа нови знаења и вештини за иновативно размислување, тимска работа и донесување одлуки, кои ќе им помогнат во развојот на иновативни идеи и претприемачки начин на размислување.

Гостинско предавање одржа д-р Сашко Николов, кој го сподели својот професионален пат до успехот со студентите и ги мотивираше да веруваат во своите идеи, покажувајќи дека со посветеност, труд и упорност се постигнува успех.

Проектот IMPACTWHEEL продолжува да создава можности за поврзување на младите со современи пристапи и алатки кои го поттикнуваат иновативниот и претприемачки дух.