На 21. Изборно собрание на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) се избрани двајца редовни членови, осум дописни членови, четири членови надвор од работниот состав и двајца почесни членови.
Од двајцата редовни еден е од Универзитетот „Гоце Делчев“, а тоа е проф. д-р Блажо Боев. Претходен ректор на Универзитетот и долгогодишен професор на Факултетот за природни и технички науки при УГД.
Проф. д-р Стојко Стојков од Факултетот за образовни науки е избран за член на МАНУ надвор од работниот состав. Проф. д-р Стојко Стојков е професор по средновековна историја и лидер во движењето на Македонците во Бугарија за малцински и човекови права.
Од Академијата и раководството изразуваат големо задоволство од квалитетот на новоизбраните членови и им посакуваат продолжување на успешната работа во насока на унапредување на науките и уметностите.
„Со нивниот избор се зајакнува работниот карактер, како и капацитетот на МАНУ да придонесе кон дефинирање на стратешките насоки за развојот на државата. Со успешното завршување на 21. Изборно собрание на МАНУ се заокружува изборниот процес што започна на почетокот од оваа година, што сведочи за вниманието и сериозноста со кои се пристапува кон изборите на нови членови во највисоката научна институција во нашата држава“, стои во соопштението од Академијата.



