Search

Повик за учество на натпревар наменет за студенти по новинарство од Западен Балкан

Споделете

Француската агенција за медиумски развој, како дел од проектот Balkan Voices 2, организира натпревар „Преминување граници: натпревар по новинарство“ кој е отворен за сите студенти или дипломирани новинари од Западен Балкан кои се заинтересирани за европската интеграција и меѓудржавна соработка.

Повикот е отворен од 13 јануари до 17 февруари 2025 година и ќе овозможи учество на 30 студенти (по 5 од секоја земја).

Избраните студенти ќе следат обука која ќе биде организирана од Институтот „Jacques Delors“, а потоа ќе се направат групи кои ќе ги води по еден новинар. Секоја група ќе треба да изготви транснационална продукција во врска со европската интеграција  и Берлинскиот процес.

Наградата за најдобра група е студиско патување во Франција и Брисел на тема запознавање со европските институции.

Повеќе детали за Повикот може да најдете на следниов линк: https://www.facebook.com/if.skopje

Линк за аплицирање: https://urlr.me/QKRCSV