Search
|     contact@ugd.edu.mk

Мега-дерби во Штип: Штип УГД – Струмица во битка за првото место во одбојкарското првенство

Споделете

Одбојкарите на Штип УГД се пред голем предизвик во Првата одбојкарска лига на Македонија. Екипата која има најголем подем во последните две сезони и практично е во врвот на македонската одбојка и сезонава е фаворит за освојување на титулата. Тоа ќе биде потврда на одличната мината сезона, во која беше постигнат историски успех – освоена Куп титулата и второто место во шампионатот.

И оваа сезона Штип УГД игра одлично, води борба со Струмица за првото место. Поради тоа, големото дерби кое се игра во Спортската сала „Јордан Мијалков“ (вторник, 11 март 2025 г., 18 часот) е од големо значење.

Најголемото одбојкарско дерби во Македонија се игра вечерва (11 март 2025 г.) во Спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип, во 18 часот се среќаваат екипите на Штип УГД и Струмица. Во моментов, лидер на табелата е Струмица, со 49 бодови, а Штип УГД има два помалку, 47.  Ривалството меѓу двете екипи е евидентно во последните години, минатата сезона тие играа во финалето и на првенството, каде што подобра беше Струмица, како и во Купот, во кој историска победа однесе Штип УГД.

Се очекува квалитетна одбојка и голема борба во Штип, а директен пренос од натпреварот може да се проследи на МРТ 3.