Четврта година по ред Катедрата за финансии на Економскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип го одбележува Денот на монетарното осамостојувањето и прогласување на денарот како национална македонска валута.
По тој повод ве покануваме на 29 април 2025 година (вторник) во 12 часот во просториите на Мултимедијалниот центар (кој е сместен во зградата на Економскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип) да го проследите научниот собир „Ден на денарот“.
Како тема оваа година ќе биде работата на Управата за јавни приходи. За таа цел, наши гости, учесници на настанот ќе бидат директорот на Управата за јавни приходи м-р Елена Петрова и проф. д-р Стеван Габер, раководител на Катедрата за финансии на Економски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.
И оваа година во третата сесија „Како до мојот денар?“ ќе зборува наш дипломиран, а веќе вработен студент, кој ќе има можност да го раскаже своето професионално надградување.