По повод настанот што го организира Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, преку Правниот факултет, во соработка со Универзитетот во Салерно, Италија, кој ќе се одржи на 29 мај 2025 година, ќе биде проектиран краткометражен филм во италијанска копродукција со наслов „101% Chi controlla le tue scelte? / 101% Who controls your choices?“, изработен од Италијанската државна полиција (Polizia di Stato d’Italia) во соработка со националната телевизиска куќа RAI и промовиран на 81. Меѓународно филмско фестивал во Венеција во 2024 година.
По тој повод, со цел подигнување на свеста кај младите, ве покануваме да учествувате преку изработка на кратко видео за сајбер насилство или насилство преку социјалните мрежи, влијанието на социјалните мрежи врз личните односи, зависноста од технологијата, насилството врз жените и контролата во меѓучовечките врски и друго.
Видеото:
- Пожелно е да биде на англиски јазик;
- Доколку е на македонски јазик, потребно е да биде обезбедено титлување на англиски јазик (преку платформи како YouTube или слични алатки);
- Може да вклучува глумење на студентите;
- Треба да содржи јасна порака за препознавање, спречување и борба против дигиталното насилство.
За пријава на учество на настанот, потребно е да доставите пријава, која ќе содржи:
- Наслов на видеото;
- Тема;
- Кратко објаснување;
- Име и презиме на вклучени студенти и факултет.
За сите дополнителни насоки во врска со формата и содржината на видеото ќе се организира дополнителен состанок/консултација во согласност со вашите можности и интереси.
Рок за пријавување на интерес:
Ве молиме да го потврдите вашиот интерес за учество до ana.nikodinovska@ugd.edu.mk, најдоцна до 11 мај 2025 г., за да може навремено да се координираме за подготовка на материјалите.
Однапред ви благодариме за вашата подготвеност и ангажман.