Search
|     contact@ugd.edu.mk

Инклузија, достоинство и еднаквост во фокусот на работилница на УГД

Во Тренинг центарот на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, на 16 мај 2025 година се одржа Работилница...
Споделете

Во Тренинг центарот на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, на 16 мај 2025 година се одржа Работилница посветена на четири клучни општествени вредности: инклузија и мултикултурализам, социјална благосостојба, почит и достоинство, и родова еднаквост.

Настанот беше организиран во рамките на проектот ACE²-EU, како дел од активностите на Работниот пакет 4 (WP4) – „Социјални импактори“, кои се спроведуваат преку Центарот за општествени партнерства и културна ангажираност (SPACE Centre). Работилницата ја модерираа проф. д-р Даниела Коцева од Факултетот за образовни науки и проф. д-р Марија Гогова-Самоникова од Економскиот факултет.

Целта на Работилницата беше продлабочување на разбирањето и интерпретацијата на овие вредности во контекстот на УГД. Учесниците – меѓу кои имаше експерти, наставнички и административен кадар и истражувачи – преку интердисциплинарна дискусија ги споделија своите гледишта и предложија идеи за понатамошно унапредување на овие вредности во академската и пошироката заедница.

Во Работилницата активно се вклучија експерти од различни области, кои дадоа значителен придонес не само во дефинирањето на овие поими, туку и во предлагањето идеи за понатамошно унапредување на овие вредности во рамките на Универзитетот „Гоце Делчев“, како и во поширокото општество.

Во позитивна и конструктивна атмосфера беа формулирани значајни заклучоци и препораки кои ќе послужат како основа за идните активности во рамките на проектот. Работилницата претставуваше простор за дијалог, соработка и идеи, со заедничка цел – градење на поинклузивно, праведно и одговорно општество.

„Социјалните импактори“ продолжуваат со својата мисија преку различни активности како волонтерски програми, јавни кампањи и форуми базирани на предизвици, иницирајќи поврзување помеѓу академијата и заедницата.