Search
|     contact@ugd.edu.mk

„101% – Who controls your choices?“ – едукација за сајбер безбедноста

Споделете

Свесноста за (не)безбедноста во сајбер просторот беше тема на настанот кој заеднички го организираа Правниот факултет на УГД, Италијанската национална полиција, Амбасадата на Република Италија во Македонија и Универзитетот во Салерно.

– Денес на Правниот факултет заедно со Италијанската национална полиција, Амбасадата на Италија во Македонија и со Универзитетот во Салерно, како и учениците од Средното општинско училиште „Славчо Стојменски“. Имаме проекција на три краткометражни филмови, кои треба да ја подигнат свеста за опасностите во дигиталниот свет. Младите се постојано на интернет и ги добиваат сите вести и информации, но освен предности треба да знаат дека овој свет има една мрачна заднина. Благодарност за претставниците од Италија кои препознаа партнери во нас – изјави деканката на Правен факултет, проф. д-р Олга Кошевалиска.

За амбасадорот на Република Италија во Македонија, н.е. Паоло Палминтери, е од големо значење што Амбасадата има добра соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“, којашто се проширува и на една вака значајна тема.

– Навистина сум благодарен за ова што го прави денес италијанската полиција. Ова е навистина важна тема којашто има особено широк јавен интерес во Италија, но и прашање кое се третира и во македонската јавност – рече амбасадорот Палминтери.

Она што го работи италијанската полиција преку својот посебен оддел за оваа намена го истакна претставничката на Поштенската државна полиција на Италија, Роберта Манцо.

– Идејата на италијанската полиција е да се превенира криминалитетот. Ние се засноваме на превенција во однос на постигнување на резултатите.  Особено за да се постигне еден таков ефект каков што е предвиден, државната италијанска полиција прави проекти и меѓу такви проекти се овие кои се насочени за младите и најмладите за коректна употреба на сајбер алатките и социјалните мрежи. Токму од идејата да се справат со ваквите појави и да се укаже на фактот на коректна употреба на технологијата. Оттука се раѓа идејата да се направи краткометражен филм кој укажува на злоупотребата на социјалните мрежи. Поштенската полиција во Италија е токму надлежна да се бори со овој вид на криминалитет.

Во целиот проект е вклучен и Универзитетот во Салерно, кој заедно со УГД е вклучен во проектот „Жан Моне“, во кој е вклучена и проф. д-р Тереза Русо.

-Идејата е да ги зближиме младите и да ја потикнеме свеста за тоа што претставува сајбер насилството во дигиталните платформи за да ги подготвивме како идни граѓани на Европската Унија – рече проф. д-р Русо.

На настанот беа прикажани три кратки филмови:

  • „101% Who controls your choices?“ – авторско дело на Роберта Манцо, Винченцо Капоне и Иленија Лука од Италијанската државна полиција;
  • краток филм изработен од ученици од СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип, под менторство на проф. Емилија Наунова;
  • краток филм изработен од студенти од Факултетот за образовни науки при УГД, под менторство на проф. Даниела Коцева.