Во демократска атмосфера и преку тајно гласање членовите на наставно-научните совети гласаа за избор на декани во своите единици, односно факултети. Според крајните резултати се избраа следниве професори за декани на единиците:
- Земјоделски факултет – проф. д-р Емилија Арсов
- Електротехнички факултет – проф. д-р Тодор Чекеровски
- Технолошко-технички факултет – проф. д-р Соња Јордева
- Машински факултет – проф. д-р Сара Сребренковска
- Факултет за информатика – проф. д-р Сашо Коцевски
- Факултет за природни и технички науки – проф. д-р Ѓорѓи Димов
- Факултет за медицински науки – поради изедначеност во гласањето процедурата за избор на овој факултет ќе продолжи по годишните одмори
- Економски факултет – проф. д-р Марија Гогова-Самоников
- Правен факултет – проф. д-р Билјана Тодорова
- Филолошки факултет – проф. д-р Луси Караниколова-Чочоровска
- Факултет за образовни науки – проф. д-р Трајче Стојанов
- Факултет за туризам и бизнис логистика – проф. д-р Наташа Митева
- Музичка академија – проф. д-р Златка Митева
- Ликовна академија – проф. д-р Слободан Милошевски
- Филмска академија – проф. д-р Адријана Данчевска.
Процедурата за избор продолжува со потврдување на изборот од страна на Универзитетскиот сенат и Ректорската управа, кој ќе се случи следната недела, а примопредавањето на мандатот ќе се случи на 15 септември, до кога и трае мандатот на актуелните декани. Шест декани добија реизбор, а останатите организации избраа нови раководители на институцијата. Постапката за избор на декани ја потврдува посветеноста на УГД на демократските вредности и инклузивност при начинот на носење одлуки.