Во наредните три дена, 20,21 и 22 август, сите оние кандидати кои влегле на нашиот сајт и аплицирале електронски, ќе треба да ни ги достават своите документи во еден од нашите наставни центри, што значи покрај во Штип, можат и во Наставните центри во Скопје, Струмица, Кавадарци и Гевгелија. За сите оние кои се уште не се решиле, може да го отворат нашиот сајт, да ги погледнат нашите 80 студиски програми, кои се нудат на 12 факултети и три уметнички академии, и да аплицираат во повие три дена од Првиот уписен рок – изјави на прес конференција на почетокот на Уписите на УГД проректорот за настава, проф. Д-р Мишко Џидров.Вториот уписен рок ќе биде на 4 и 5 септември, а третиот на 17 и 18 септември. Кандидатите кои аплицираат, можат и да следат дали ќе бидат во рангирањето на поизиции кои се ослкободени од партиципација. УГД и годинава нуди ослободување од партиципација за повеќе новозапишани студенти, вели проректорот проф. Д-р Мишко Џидров.
Како и минатите години, универзитетот се обидува да им помогне на студентите при запишување на факултет, борјкиите на оваа категорија се различни за различен факултет – на Факултетот за медицински науки 20-те најдобро рангирани, на Информатика, Земјоделски, Природни и технички науки, Туризам и бизнис логистика првите 10. По 5 најдобро рангирани ќе бидат ослободени од плаќање партиципација на Електротехнички, Машински, Технолошки технички, Факултет за образовни науки и Музичка академија и по две ослободувања од партиципација на ликовна и Филмска академија. Мора да го споменам Филолошкиот факултет, каде има повеќе можности за ослободување од партиципација на студентите, особено на студиската програма по Македонски јазик и литература, каде се ослободени од партиципација сите студенти во текот на четирите години на студирање.Инаку, во октомври УГД ќе го распише и дополнителниот Конкурс за ранливите категории , во кој универзитетот се обидува да помогне и на некои специфични категории на студенти кои ги имаме , а овој конкурс го реализираме по барање на студентите како и од невладиниот сектор. На УГД има слободни 2100 места за редовни студенти, 820 за вонредни. Во петок кон крајот на денот ќе се познати прелиминарните резултати. И годинава во процесот на уписи се покажа значењето на дигитализацијата, рече Џидров:
Целиот наш процес, од запишување до дипломирање нуди електронски системи. И годинава елсктрнскиот систем за аплицирање беше отворен во периодот зад нас, и голем број на кандидати ги имаат поднесено своите апликации. Преку тие апликации кои досега ги видовме, можам да кажам дека повторни најголем интерес имаме на Факултетот за медицински науки.УГД има акредитирано на повеќе факултети студиски програми на англиски јазик, најнова е онаа на Фармација на ФМН.