Со денешниот ден завршува првиот уписен рок на УГД. Бројките сѐ уште се прелиминарни, но интересот годинава е зголемен за преку 20 проценти во однос на минатата година.
„Ова го сметаме за успех на Универзитетот. Затоа што покажавме дека квалитетот кој се нуди во образованието е значаен фактор. Исто така, нашето приклучување во европската Алијанса дава значаен квалитет на нашиот Универзитет“, истакна проректорот на УГД , проф. д-р Мишко Џидров.
Уписите продолжуваат со втор и трет уписен рок. Вториот рок е на 4 и 5 септември, а третиот уписен рок на 17 и 18 септември.
„Останатите студенти кои сѐ уште размислуваат ги повикувам да ги разгледаат нашите студиски програми и да се пријават во нашиот електронски систем. Сите кандидати кои по петок ќе се пријават во електронскиот систем автоматски се пријавуваат во вториот уписен рок, кога и ќе можат да ги достават документите“, изјави проф. д-р Џидров.
Сите информации поврзани со уписите можат да се најдат на официјалниот сајт на Универзитетот. Сите студиски програми можат да се најдат во Конкурсот за упис на нови студенти.