Search

угд фм |     contact@ugd.edu.mk

Сребрен медал за Љупче Михајлов од УГД на Европскиот универзитетски комбат шампионат

Споделете

Екипата на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип успешно се претстави на Европскиот универзитетски комбат шампионат, кој се одржа во Варшава, Полска. УГД беше претставен со двајца студенти кои се натпреваруваа во карате, Љупче Михајлов од Економскиот факултет и Мила Панчева од Факултетот за медицински науки, инаку членови на Карате клуб – Штип. Голем успех постигна Љупче Михајлов, кој освои сребрен медал, победувајќи до финалето каратисти од БИХ, Турција, Украина и Швајцарија. Во финалето, Михајлов беше поразен од еден од најдобрите каратисти од Турција.

„Задоволни сме со среброто, за Љупче ова беше прв ваков настан. Огромна благодарност до УГД кој ги покри сите трошоци за овој шампионат и ние ќе останеме посветени во иднина да ги оправдаме овие средства со освојување на што поголеми резултати и успешна промоција на УГД“ – изјави Жарко Арсовски.

Од македонските претставници, медали освоија и Ангела Мојсовска (златен) и Викторија Јовановска (бронзен), претставнички на УКИМ и членови на Карате клуб „Макпетрол“.