Универзитетскиот спортски и културен центар при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип ја продолжува традицијата на учество на најмасовниот спортски настан во земјава – Виз Ер Скопски маратон 2025, кој ќе се одржи на 5 октомври 2025 година (недела) во Скопје.
Студентите и вработените на УГД имаат можност да се пријават како дел од тимот на Универзитетот и да учествуваат во:
- Маратон (42,194 км);
- Полумаратон (21,097 км);
- Трка на 5 км;
- Штафетен маратон (машка, женска или мешана штафета).
Котизацијата за учество и превозот до Скопје се обезбедени од Универзитетот. Пријавувањето трае до 29 август 2025 година (петок, до 12:00 часот).
За сите дополнителни информации и пријавување, контактирајте го м-р Ванчо Барбареев на:
📧 vanco.barbareev@ugd.edu.mk
📞 072/252-052
По завршување на пријавувањето ќе биде формирана Вибер група преку која учесниците ќе бидат информирани за организациските детали.
Се гледаме на стартот!
За активен и здрав УГД!