Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип врз основа на Еразмус+ универзитетски чартер бр. 256492-EPP-1-MK-EPPKA3-ECHE распишува Конкурс за Еразмус+ мобилности и тоа за:
Мобилности за вработени
Конкурсот е отворен за:
- 3 мобилности за нaставнички кадар;
- 2 мобилности за административен кадар.
Мобилноста во високообразовните институции во Европската Унија и во партнерските земји на ЕУ трае најмалку 2 (два), а најмногу 5 (пет) работни дена. Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори помеѓу Универзитетот „Гоце Делчев“– Штип и универзитети/институции од земји од Европската Унија или од програмски земји во рамките на Еразмус + програмата.
Условите за конкурирање за Еразмус+ мобилност за настава и за обука на Универзитетот „Гоце Делчев“ се следните:
А) Услови за конкурирање за Еразмус + мобилност за настава и за обука:
- Право на пријавување имаат сите вработени (наставнички, соработнички и административен кадар) на Универзитет „ Гоце Делчев “ – Штип;
- Апликантите треба да имаат солидно познавање на англискиот јазик или јазикот на земјата каде што аплицираат;
- Предност имаат кандидатите кои прв пат аплицираат на програмата;
- Вработените кои конкурираат за Еразмус + мобилност за настава треба да имаат отворен профил на ORCID и Google Scholar верифициран со службената електронска пошта и со афилијација на Goce Delcev University.
Б) Потребни документи за конкурирање за Еразмус + мобилност за настава и обука:
- Образец за селекција на вработени (наставнички кадар или администрација) за учество во Еразмус+ програмата испечатен и пополнет во два примерока;
- Писмо за прифаќање (Letter of acceptance) со потпис и печат од странскиот универзитет каде што вработениот сака да ја изврши мобилноста;
- Образец Staff mobility for teaching или Staff mobility for training;
- Кратка биографија (CV).
Повеќе информации за потребните документи можат да се најдат:
- на овој линк: http://cmus.ugd.edu.mk/index.html
- на е-пошта на: icc@ugd.edu.mk
Целата документација треба да биде на македонски јазик.
Документите се доставуваат лично до Oдделението за меѓународна соработка.
Одделение за меѓународна соработка (Кампус 2)
Бул. „Крсте Мисирков“ 10-А, п. фах 201
2000 Штип, Р. Македонија
Апликациите испратени по електронски пат или подоцна од рокот наведен во Конкурсот нема да бидат разгледани.
Конкурсот е отворен од 10 септември до 26 септември 2025 година.
- Прием на документи:од 19 септември до 26 септември.
- Приемно време:секој работен ден од 12:30 до 13:30 часот.
Напомена: Еразмус канцеларијата ќе биде затворена во период од 15 до 18 септември 2025 г.
КОНКУРС ЗА ЕРАЗМУС+ ПРОГРАМАТА за мобилности за вработени (.pdf)