Search

угд фм |     contact@ugd.edu.mk

УГД стана дел од европската иницијатива ESCI Champions 2025–2027

Споделете

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип е избран за дел од престижната европска иницијатива ESCI Champions за периодот 2025–2027, со што влегува во групата на водечки високообразовни институции кои ја поддржуваат дигитализацијата и поедноставувањето на административните процеси во рамките на програмата Erasmus+.

Официјалниот kick-off состанок се одржа на 9 септември во рамки на University of Gothenburg во Шведска, каде што беше претставена новата генерација на ESCI Champions.

Што претставува ESCI Champions?

European Student Card Initiative (ESCI) Champions се универзитети и организации кои направиле значителен напредок во примената на компонентите на иницијативата, меѓу кои се:

  • Erasmus Without Paper (EWP) – дигитална размена на податоци поврзани со студентската мобилност,
  • European Student Card (ESC) – европска студентска картичка за поедноставен пристап до услуги и мобилност.

 

Новите ESCI Champions ќе имаат двегодишен мандат (2025–2027) и ќе дејствуваат како амбасадори на иницијативата. Нивната улога вклучува учество на европски и национални настани, споделување добри практики со колеги од други институции и активно придонесување кон понатамошниот развој на ESCI.

Улогата на УГД

Како дел од оваа престижна заедница, Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе работи на:

  • споделување на сопствените искуства од имплементацијата на ESCI;
  • организација и учество на клучни настани во земјата;
  • поддршка на други институции во прифаќањето на ESCI преку размена на практики и знаења;
  • придонес во работата на 32-те ESCI Champions кои заеднички ја градат визијата за поедноставна, попаметна и поповрзана студентска мобилност во Европа.

 

Со ова признание, УГД потврдува дека е дел од европските напори за модернизација на високото образование и дека активно придонесува кон подобрување на условите за студентска мобилност и дигитализација на академските услуги.