Во рамки на програмата Еразмус+, на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип се одржа работна посета на професори од Политехничкиот универзитет во Сантарем, Португалија.
Гости на факултетот беа:
- проф. д-р Карлос Силва, потпретседател за спорт и координатор на Одделот за спорт при Sport Science School of Rio Maior;
- проф. д-р Сузана Франко, продекан и универзитетски професор во областа на фитнес, здравје и мобилност;
- проф. д-р Вера Симоеш, координатор на студиската програма Спорт, фитнес и здравје и наставник во областа на педагогијата на спорт и физичка активност за деца.
Во текот на посетата беа разгледани можностите за идна академска соработка во рамки на Европската алијанса ACE2EU, како и иницијативи за креирање нови Еразмус+ проекти.
Средбата се реализираше со деканот на факултетот проф. д-р Трајче Стојанов, како и проф. д-р Даниела Коцева, проф. д-р Билјана Попеска, проф. д-р Мишко Џидров и Жарко Арсовски.
Оваа посета претставува значаен чекор кон унапредување на меѓународната академска соработка и создавање нови можности за студентите и професорите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.