Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ги информира студентите дека е отворен Повик за учество во меѓународниот курс „Blue Bioeconomy: Algae for Food Innovation – Sustainable Ingredients from Aquatic Biomass“, кој се реализира во рамките на програмата Applied Blended Challenge (ABC).
Курсот има за цел да ги поврзе студентите од различни земји и области со цел заеднички да истражуваат како алгите и другите видови водна биомаса можат да се користат за создавање одржливи состојки за храна. Преку тимска работа, менторство од експерти и практични активности, учесниците ќе развијат иновативни идеи и решенија за реални предизвици во областа на храната заснована на алги.
Основни информации:
- Кредити и сертификат: 3 ЕКТС и официјален сертификат за учество;
- Времетраење и динамика:
- Онлајн компонента: 7, 14, 21 и 28 јануари 2026 година (14:00–18:00 часот, португалско време);
- Физичка компонента: 2–6 февруари 2026 година во Сантарем, Португалија;
- Вкупно 16 часа онлајн активности и 30 часа со физичко присуство.
Што ќе добијат учесниците:
- Интердисциплинарно знаење: морска биотехнологија, циркуларни системи на исхрана и ангажман на потрошувачите;
- Професионални вештини: развивање иновативни решенија за интегрирање на алгите во исхраната и промовирање на одржливо производство;
- Меѓусекторска соработка: поврзување на академската заедница и индустријата;
- Личен развој: разбирање на потенцијалот на микроалгите и морските треви како одржливи и функционални состојки во сината биоекономија.
Право на учество:
Курсот е наменет за студенти од универзитетите членки на ACE²-EU алијансата, од областа на:
- науката за храна и технологија,
- гастрономските науки,
- биотехнологијата,
- нутрицијата,
- одржливоста и циркуларната биоекономија.
Особено се охрабруваат студенти кои сакаат да работат во интердисциплинарни и мултикултурни тимови, да развиваат иновативни решенија и да се ангажираат во применето учење во областа на сината биоекономија.
Пријавување:
Заинтересираните студенти можат да аплицираат на следниов линк:
👉 https://forms.gle/TsG1ekEscsL5LNWF6
Избраните кандидати ќе бидат известени по електронска пошта.
За повеќе информации може да се контактира: joana.ferreira@esa.ipsantarem.pt


