Search

Синдикатот на УГД – Штип пред потпишување на КД со основачот на Универзитетот – Собранието на СРМ

Споделете

Се информираат членовите на Синдикатот и сите вработени на УГД дека на 20.11.2025 година во Собранието на Република Македонија се одржа преговарачки состанок помеѓу претставници на Синдикатот на УГД – Штип и Работната група на министерствата при Владата и Собранието на СРМ за Предлог-текстот на Колективниот договор (КД) на УГД – Штип.

Преговарачкиот тим на Синдикатот на УГД го сочинуваа: проф. д-р Андон Мајхошев, проф. д-р Билјана Тодорова, проф. д-р Јадранка Денкова (сите од Правниот факултет) и проф. д-р Влатко Пачешкоски од Економскиот факултет. Преговарањето протече во позитивна атмосфера и со меѓусебно уважување на аргументите на двете страни. Текстот е финализиран и подготвен за потпишување на КД. Наскоро се очекува претседателот на Собранието на РМ, г. Африм Гаши, да ги повика претставниците на СУГД на свечено потпишување на КД и со тоа правно да се уредат многу важни прашања од работниот однос на вработените на УГД. Со колективното договарање се поставија темелите на социјалниот дијалог и градење на меѓусебна довербата помеѓу Синдикатот на УГД и Основачот на УГД (Собранието).